ВИДЕО: Од ноември три патарини меѓу Скопје и Штип, 320 денари ќе се плаќа за одење и враќање

Од:

Двете нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип, чија изградба чини речиси пет милиони евра, треба да бидат готови до октомври. Едната се гради кај Преод, а другата кај Кадрифаково. Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека веќе течат роковите за изградба на новите патарини.

„Во однос на изградбата на новите наплатни станици кај Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци – Штип информираме дека  на терен во тек е реализација на градежните работи од почетокот на мај 2021 година и во согласност со договорот со изведувачот конзорциум ‘Аселсан – Жикол’ работите треба да се реализираат за 6 месеци, поточно кон крајот на октомври 2021 година“, велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Градежните работи и опремата за електронска наплата за наплатната станица кај Преод изнесува 2.555.349, 67 евра, а за наплатната станица кај Кадрифаково предвидени се 2.314.288,14 евра.

Според досегашните најави, по пуштањето во употреба на двете нови наплатни станици, за одење и враќање од Скопје до Штип по новиот автопат ќе се плаќа 320 денари патарина. Од Јавното претпријатие за државни патишта објаснуваат дека цените се одредуваат во согласност со важечката регулатива.

„Цените на патарините на Коридорот 8, како и на сите патарини во РСМ, се одредуваат во согласност со законската регулатива за пресметка, според која 1 км поминат автопат чини 2,57 денара“, објаснуваат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Автопатот Миладиновци – Штип е долг 47 километри и по пуштањето во употреба во јули 2019 година, за да се стигне до него, се плаќа само патарината кај Миладиновци, која чини 40 денари. Патарината кај Преод е предвидено да чини 70 денари, а кај Кадрифаково за користење на автопатот ќе се наплаќа 50 денари.

Би можело да ве интересира

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Онколошките пациенти од Истокот нема да плаќаат 320 денари за патарини, најави Бочварски

Орце Костов

Патарина со еден „таг“ во Македонија и Србија

Потпишан меморандумот за заедничка електронска наплата на патарина со Србија

Отворени наплатните станици Преод и Кадрифаково, Македонија ќе има најскапи патарини во Западен Балкан

Орце Костов

Од патарини лани инкасирани рекордни 46,4 милиони евра

Катерина Ѓуровски