ВИДЕО: Од денеска во Дебар Маало брзината на возење до 30 км. на час

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, советниците од Советот на општината и вработените, како и припадниците на сообраќајната полиција, денеска делеа флаери со кои ги запознаваа граѓаните дека во Дебар Маало започнува проектот “Зона 30 – за безбеден Центар“.

Проектот е со јасна цел да се подигне нивото на безбедност во еден од најфреквентните делови од општината и градот.

„Овој проект добива на значење, особено по црната низа на сообраќајни несреќи и жртви. Од денеска, Дебар Маало е „Зона 30“, зона на смирен сообраќај. Очекуваме иницијативата да биде прифатена од сите општини, а ќе продолжиме и во другите места низ Центар. Ги повикувам граѓаните да ги почитуваат новите поставени знаци“, рече Жерновски.

Општина Центар е првата општина во Р. Македонија која го започна спроведувањето на проектот “Зона 30“, почитувајќи ги препораките на Европската Комисија.

Одговарајќи на новинарско прашање дека голем дел од тротоарите се узурпирани и пешаците немаат каде безбедно да се движат, Жерновски рече дека се одземени од ЈП „Паркинзи на Град Скопје“. Тие стопанисуваат со нив, но се согласува дека треба да се направи се’ и тука да се овозможи безбедно движење на патниците.

Сообраќајницата кај Соборниот Храм е исто, во надлежност на Град Скопје и тука се создава најголемиот метеж по 16:00 часот.

Отворени сме, рече Жерновски, за соработка со Град Скопје за да можат граѓаните да се движат безбедно.

Zona 30 - za bezbeden Centar (7)

„Ограничувањето за движење на возилата со брзина од 30 км/ч го опфаќа делот на општина Центар, ограничен со улиците: булевар „Партизански Одреди“, улица „Франклин Рузвелт“, булевар „Илинден“ и булевар „Св. Климент Охридски“.

На влезните и излезните улици, на видни места низ Дебар Маало, се поставени 25 сообраќајни знаци.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски