(ВИДЕО) Обвинителите упорни: Катица Јанева мора да дојде

Од:

Седницата на Советот на обвинители на кој требаше да се разгледа извештајот на СЈО повторно беше одложена. Повторно ја чекаа Катица Јанева иако вчера јавно им соопшти дека нема намера да се појави ниту пак има законска должност тоа да го прави. Претседателот на Советот, Петар Аневски кажа дека имало некои нејасни работи во извештајот за кој пак кажа дека не го прочитал.

-Седницата повторно е одложена за понеделник, бидејќи по отворената дискусија заклучливме дека е нужно да дојде и да присуствува Катица Јанева заради разјаснување на некои работи кои се нејасни, и мора да дојде и ќе добие писмена покана, рече Аневски кој кажа дека не го прочитале доставениот извештај.

-Ние не го гледавме дел по дел извештајот, понеделник по одржувањето, ако не е присутна ќе ги кажеме сите нејаснотии. Секој од членовите на Советот има свои прашаеа и треба да се разгледаат, рече Аневски, и на сугестијата дека Јанева вчера кажала дека нема да доаѓа, тој повтори дека членовите едногласно одлучиле дека е потребно повторно да дојде.

Советот на обвинители требаше досега веќе да го разгледа извештајот на Катица Јанева за нејзината шестмесечна активност, односно отворените истраги, предистражните дејствија, бројот на предмети и осомничени, финансиите, кадровската екипираност, но и опструкциите кои ги имаат при работата,

Но од Советот инсистираат на присуството на Јанева зашто како што посочија и минатитот пат за нив извештајот поднесен од специјалните обвинители е неразбирлив. Јанева им порача дека ако нешто не разбираат, да напишат и да испратат до специјалното обвинителство за да им се разјасни.

Би можело да ве интересира

Ако Арсовска има сознанија за криминал, има обврска тоа да го пријави, велат од ОЈО

Обвинителството бара осудителна пресуда и конфискација на имотот на обвинетите во случајот „Адитив“

Обвинителството поднесе жалба барајќи ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија

Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани

Обвинителство: Нови тројца осомничени во аферата „Адитив“

Oбвинителството контра ДУИ: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани

Горан Наумовски