ВИДЕО: Обвинетата Ангела била година и пол во врска со убиецот на Пино

Од:

На денешното судско рочиште за убиството на Пино Секондо се сослушуваа тројца сведоци. Сведоците одговараа на прашањата на обвинителката Лидија Раичевиќ.

Другарката на второобвинетата Ангела Ѓорѓиевска, Фросина Петковска сведочеше дека првообвинетиот Фуркан Али и Ангела биле во врска една и пол година, но и дека таа се допишувала со Пино кој и се допаѓал.

„Ми зборуваше за Пино додека се уште не одеше сериозно со Фуркан“, рече во сведочењето Петковска.

Другарот на Пино, Дејан Митевски, сведочеше дека Ангела и Пино биле другари, но дека таа му се допаѓала.

„Секогаш им излегуваше во пресрет на женските и што и да побараат од него ќе им удоволеше. Беше многу мек со жените”, сведочеше Митевски.

Братучедот на Фуркан Али рече дека тие не се дружеле многу бидејќи имале голема разлика во години.

Судијката Ленка Давитковска го закажа следното рочиште за 31 јануари.

Пино Секондо беше убиен на 11 декември 2018 година. Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али кој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.

Остатоците од телото на Секондо беа случајно пронајдени кон крајот на април минатата година.

Би можело да ве интересира

Апелација и намали три години од казната на Ангела, осудена за убиството на Пино

Мајката на Пино бара доживотен затвор за осудената: Не застанувам тука

Кристијан Ландов

Повторно досудени 19 години за убиството на Пино, адвокатот на Ѓорѓиевска тврди дека е без докази

Кристијан Ландов

Мајката на Пино по одлуката на Апелација: Вода во пустина ќе најдеш ама правда во Македонија тешко

Кристијан Ландов

Укината 19-годишната затворска казна за убиството на Пино, Апелација одлучи дека има погрешно утврдени факти

Кристијан Ландов

Соизвршителката на убиството на Пино осудена на 19-годишна затворска казна

Кристијан Ландов