(ВИДЕО) Обиколницата кај Стајковци попушти, затоа дојде и до толкави поплави во домовите

Од:

Пукнатини и пробиена пластика се гледаат на обиколницата кај Стајковци која од вчера е пуштена за возила. Граѓаните велат дека слабата пластика е најголема причина за огромната количина на вода која ги поплави нивните домови.

Иако во употреба, обиколницата се уште не е сигурна за возење. На неа се уште стојат искривените знаци, а на неколку делови е пукнат, или целосно отстранет и асфалтот, а пластики од обиколницата се забележуваат и на педесетина метри подалеку од оградата, на половина метар од поплавените куќи.

Освен домовите, уништени се и нивите на граѓаните. Калта направила нов слој од метар и половина над нивите, а според миризбата која се шири, таму најверојатно се и телата на нивните животни.

Граѓаните велат дека не им треба ништо повеќе освен финансиска поддршка за штетата која невремето им ја нанесе. Сепак, никој се уште не дошол да види за колкава штета станува збор.

– Не бараме којзнае што. Никогаш не сме ни барале. Бараме да ни дадат онолку колку што ни следува. Имам метро и половина кал над нивата, се што имав насадено, се е уништено, вели зад камерите еден од жителите.

Тие истакнуваат дека немаат потреба од вода, храна и пелени, единствено што бараат е да се изврши проценка на штетите и финансиски средства од владата за обнова на куќите со оглед дека се е уништено.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сус и Дерна прогласија природна катастрофа: Бројот на жртвите во поплавите во Либија надмина 3.000