(ВИДЕО) Заев на средбата со Нуланд: Потребна е промена на партизираниот државен систем

Од:

Во седиштето на СДСМ, американскиот помошник заменик државен секретар, Викторија Нуланд, се сретна со лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Тема на разговорот беше можноста за решавање на политичката криза во земјава, преку споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за практична примена на решенијата за критичните области посочени во извештаите на ЕК и Стејт Департментот, како и споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за организирање фер и демократски избори во Р.Македонија.

-Важно за граѓаните на Република Македонија е враќање на слободата и демократијата и обезбедување и заштита на човековите права. Во таа насока дејствува Социјалдемократскиот сојуз и инсистира на механизми што тоа ќе го овозможат, рече Заев.

На средбата е изразена согласност дека се неопходни промени за функционалноста на институциите, судството, медиумите, како дел од процесот на промена на партизираниот државен систем.

Претседателот СДСМ Заев констатираше дека договорот од 2-ри јуни предвидува решенија за критичните прашања и дека се потребни итни решенија во интерес на нормализација на земјата, доколку се постигне договор за организација на влада што ќе подготви и спроведе избори.

На средбата присуствуваа и заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска, Рената Десковска и Оливер Спасовски.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Ништо не е завршено: Иран има илјадници ракети и капацитет да го обнови својот арсенал

Американски разузнавачи: Кина се подготвува да испорача оружје на Иран и покрај прекинот на огнот

САД: Иран со Ормутскиот теснец се обидува да изнуди отстапки за време на преговорите

„Хуриет“: Загубите на американската авијација пресуди за исходот од војната

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна