(ВИДЕО) НСДП: Квалитетно образование и задоволни просветни работници

Од:

„За Нова социјалдемократска партија образованието е од стратешко значење за развојот на македонското општество, има национален интерес за државата и затоа мора да биде над сите политички и идеолошки поделби. Се залагаме за еднаков пристап до образованието, а со тоа и до еднакви шанси без оглед на социјалната положба. Еден од предусловите за реализирање на оваа цел е основното образование да биде целосно бесплатно, односно родителите да бидат ослободени од плаќање за оброци, екскурзии, училишен превоз. Од просветниот работник ќе се очекува квалитет кој постојано ќе се следи и поттикнува со постојани доусовршувања, а НСДП како дел од коалицијата МОЖЕМЕ ќе се залага за подобрување на неговиот материјален и општествен статус. Сметаме дека школувањето треба да започне со навршени седум години, да нема испити или полагања до 13 годишна возраст. Посакуваниот врвен квалитет на основното и средното образование е тесно врзан и условен со високо-образовните институции, па затоа ќе се залагаме за врвен квалитет на академскиот кадар, заострување на критериумите за избор на универзитетските професори, соодветна селекција на студенти при запишување на педагошките факултети“, рече Владимир Трајкоски од НСДП.

„Подеднакво важен столб за општеството и неговиот развој, кој истовремено треба да претставува и инструмент против се поприсутниот примитивизам е културата. НСДП се залага за нов закон со проширена листа на објекти за заштита и конзервација, како и прецизно утврдени услови, функции и надлежности на државните институции, независно дали се работи за материјално или нематеријално културно наследство. Сметаме дека треба максимално да ги користиме можностите кои ни ги пружаат УНЕСКО, ИПАРД, Иницијативата „17 +1“. Потребата за поголема афирмација на нашата култура, треба да биде потпомогната со проширување на мрежата на културни институции во земјава, како што е на пример отворање на музеј и библиотека во секое поголемо населено место, со формирање нови културно-информативни центри во странство, како и со ангажман на културните аташеа во дипломатско-конзуларните претставништва во соседството и светските метрополи“, изјави портпаралот на Централниот изборен штаб на НСДП, Владимир Трајкоски.

Би можело да ве интересира

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ

НСДП: Не успеа обидот на ВМРО-ДПМНЕ за манипулација со граѓаните со иницијативата за референдум

НСДП го прифати францускиот предлог

НСДП од политичките партии бара државнички однос при разгледување на францускиот предлог

Ана Ололовска

Мисовски избран за претседател на НСДП

Ана Ололовска