ВИДЕО: Новиот закон за градба ќе го амнестира урбаниот хаос

Од:

Законот не може да важи ретроактивно, па затоа сите изградени објекти досега во Македонија, заедно со оние од проектот „Скопје 2014“ нема да бидат дел од новиот закон кој наложува стручно мислење колку би биле тие отпорни во случај на земјотрес.

Иако во изминативе неколку години, стручната јавност бараше сите новоизградени објекти да подлежат на анализа дали би издржале земјотрес, законот се нуди откако заврши поголемиот дел од проектот „Скопје 2014“ и се изградија масовни габарити за кои повторно експертите посочија дека кејот на реката Вардар не е место за такви зданија.

Законите не може да важат ретроактивно, посочија од Министерството за транспорт и врски, по чија идеја се носи законот и веќе изграденото нема да биде предмет на анализа.

Бидејќи законот допрва ќе се разгледува ниту вчера ниту денеска од Министерството за транспорт и врски не соопштија колку би ги чинело оваа одлука граѓаните но и инвеститорите.

Законот предвидува огромни глоби доколку инвеститорите не го почитуваат новиот закон- помеѓу 15.000 и 17.000 евра за фирмата која нема да обезбеди мислење, и 11.000 евра за одговорното лице.

Михаил Гарески од институтот ИЗИС посочи дека оваа измена најмногу ќе се однесува за објектите од А категорија (болници, училишта административни објекти) и според него ова не би чинело повеќе од неколку илјади евра, а за куќите цената би била незначителна.

Свој коментар за законот има и Синдикатот за градежништво. Бараат државата да не го амнестира урбаниот хаос кој се случува во Македонија изминативе 20 години, и да се изнајде законска рамка и за овој проблем. Дел од граѓаните според нив, сеуште стравуваат во какви објекти живеат и прашуваат како тие нема да бидат опфатени со законот.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска