(ВИДЕО) Новинарот Беловски по нападот: Виде дека сме од Телма и ме удри од назад со тупаница

Од:

Штотуку излегов од полициската станица Беко каде заедно со лицето кое ме нападна дадовме изјава. Од она што можам да кажам во кратки црти е дека сум добро, чувствувам некое зуење во главата, некое црвенило од ударите, рече за А1он новинарот на Телма, Павле Беловски.

– Додека ги извршувавме работните обврски заедно со снимателот ми пријде лице, се обиде вербално да ме испровоцира со политички квалификации, најверојатно го забележа возилото од Телма телевизија, со колегата го игнориравме, беше предупреден и од обезбедувањето на МВР и кога тргнав да се јавувам во живо дојде од назад и ме удри со тупаница во главата и започна со клоци, стравував дека има оружје во себе, но за среќа полицијата интервенираше, рече Беловски.

Тој апелираше да престанат се почестите напади врз новинарите, како и луѓето да имаат разбирање за професијата, дали некому се допаѓа или не.

Напаѓачот се уште се наоѓа во полициската станица Беко. Како што велат од станицата, тој бил во алкохолизирана состојба, а претходно имал и други пријави за напад врз лица. Според информациите од МВР, се работи за 32. годишниот К.П. од Скопје.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски