ВИДЕО: Новинарите останаа пред црквата Свети Спас

Од:

Прва година новинарите останаа пред вратите на Св. Спас, наместо во кругот на црквата каде се чествува 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Снимателите кои влегоа внатре, до завршувањето на настанот не смеат ниту можат да излезат надвор. Наспроти ова, место имаше за делегациите, нивното обезбедување, протоколот. Вратите пред црквата се затворени, а и таму стои човек кој го обезбедува влезот.

Објаснувањето за ваквиот протокол од Владата е високиот ризик кој го носи настанот. Има и новинари кои воопшто не добија акредитации за да присуствуваат на настанот. Интересот е невообичаено голем, а тоа е и поради најавите за инциденти и поради најавеното доаѓање на Бугари од Бугарија што во Македонија беше оценето како провокација.

По поставувањето на венците заминаа и делегациите.

Би можело да ве интересира

Проф. д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни ја добија државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката

А1он

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода – Гоце Делчев

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски и би се борел против криминалната ВМРО

Сто дваесет и три години од смртта на Гоце Делчев

Сто педесет и четири години од раѓањето на Гоце Делчев

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025