ВИДЕО: Новинарите не смеат во Свети Спас, кавга со претставниците на Владата

Од:

Владата одредува каде снимателите ќе снимаат за време на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Новинарите пак, не можат да го следат чествувањето во кругот на црквата, туку стојат надвор пред платото. Вака изгледа работата на новинарите утрово пред Свети Спас. Наместо да најдат решение, владини службеници се расправаат со новинарите.

Владините службеници, кога снимателите бараа да останат пред платото, им кажаа дека тоа не е дозволено и дека мора да бидат внатре бидејќи настанот се одвива во црквата. На новинарите кои сакаа да влезат внатре им беше укажано дека тоа не е дозволено и дека ќе стојат надвор. Службеничката Ирена Смиљанска од Влада им посочи на новинарите дека пред платото може да снимаат со телефон.

Реакции имаше новинарски од екипи. За сите е недозволено Владата да постапува на ваков начин. Тие им посочија на службениците дека знаат за високиот ризик кој го има настанот, но дека никој не смее да го загрозува правото на слободно известување на медиумите. Во изминативе два дена, имаше низа рекации од ЗНМ за ограничувањата определени од Владата.

Би можело да ве интересира

Проф. д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни ја добија државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката

А1он

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода – Гоце Делчев

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски и би се борел против криминалната ВМРО

Сто дваесет и три години од смртта на Гоце Делчев

Сто педесет и четири години од раѓањето на Гоце Делчев

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025