ВИДЕО: Новинар од Сител „распали“ по ЗНМ и опозициските новинари

Од:

Новинар на телевизија Сител „распали“ по Здружението на новинари, но и го обвини дека реагира селективно.

Љупчо Златев кој од недомна е во Сител, го праша претседателот на ЗНМ зошто не реагира и не застане во одбрана на уредникот на Сител Драган Павловиќ-Латас чии телефонски разговори ги презентираше лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Златев во прашањето до ЗНМ констатираше дека Здружението реагира само кога се нападнати како што вели, „проопозициски новинари без да води грижа за провладините“.

Новиот член на репортерскиот тим на Сител кој воедно е член и на ЗНМ е загрижен СДСМ да не искористи дел од материјалите за уцени на новинарите.

Постави теза за тоа како опозицијата стигнала до материјалите иако вчера јавно премиерот Никола Груевски соопшти дека наводно полицацец од УБК ги вршел снимањата за што и признал во полиција.

Би можело да ве интересира

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

Катерина Ѓуровски

ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд Скопје за нападите на 27 април

ССНМ и ЗНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

А1он