ВИДЕО: Нов парк во Драчево на местото од исчистена дива депонија

Од:

Екипите на Град Скопје деновиве работат на уредување нова зелена површина од околу 5.500 квадратни метри во Драчево, каде што ќе се подигне нов парк, на местото каде што до неодамна имаше дива депонија.

– Просторот кај последната постојка на автобусот со број 41 хортикултурно го уредуваме. На оваа локација се засадија 200 висококвалитетни садници, а дополнително ќе биде поставена нова хидрантска мрежа во должина од 800 метри со 85 прскалки и 13 шахти и хидранти. Во паркот ќе се постават и нови клупи и корпи за отпадоци. Ова е уште еден парк на површина којашто претходно беше запоставена и затрупана со ѓубре. Сега, граѓаните на Драчево и на Кисела Вода ќе имаат уреден зелен простор за рекреација и дружење на отворено – рече на денешната прес-конференција градоначалникот Шилегов.

Зазеленувањето останува на врвот на листата приоритети на Град Скопје.

– Ќе ја искористиме и пролетта да го обновиме загубеното зеленило и да им обезбедиме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која непосредно влијае на здравјето на сите сегашни и идни генерации, нагласи Шилегов.

На прес-конференцијата присуствуваа и градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча.

Би можело да ве интересира

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси