ВИДЕО: Нов лек за пациентите со мултиплекс склероза

Од:

Нова надеж за лицата со мултиплекс склероза во Македонија е пристапот до новиот иновативен, биолошки лек „окревус“ (Ocrevus) или „оцрелизумаб“ за лекување на активни форми на релапсна мултипла склероза и прв и единствен лек одобрен во светот за третман на лица во рана фаза на примарно прогресивна мултипла склероза. „Окревус“ е лек на фармацевтската компанија „Рош“ кој овозможува значителна супресија на сите маркери за активност на болеста и прогресија на инвалидноста, а воедно има поволен профил на односот помеѓу користа и ризикот за пациентите.

Лекот вчера беше промовиран пред стручната јавност. „Претставувањето на лекот во Македонија претставува значаен напредок во лекувањето и почеток на нова ера за пациентите со мултипла склероза во Македонија. ‘Окревус’ е веќе одобрен во повеќе од 60 земји во светот, а до денес со него се лекувани повеќе од 40.000 пациенти“, изјави д-р- Александра Ивановска, директорка на „Рош Македонија“.

Лекот во Македонија е одобрен во април годинава од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), а веќе е почната постапката за набавка на лекот за 13 пациенти.

„Од мултипла склероза во светот боледуваат повеќе од 2.5 милиони луѓе, а во Македонија бројот на лица е поголем од 1.200. Од оваа болест најчесто заболува младата популација, на возраст од 20 до 40 години. Mултиплекс склероза е хронична и инвалидизирачка болест, со трајни последици врз здравјето, мобилноста и инклузијата на пациентите во секојдневните активности и работоспособноста, но и голем товар за нивните семејства и општеството во целина. На Клиниката за неврологија во моментот се лекуваат 409 пациенти, од кои најголемиот дел 372 се на третман со терапија од прва линија (интерферони), a 37 на терапија од втора линија“, изјави д-р- Иван Барбов, специјалист по неврологија и директор на Клиниката за неврологија.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска