ВИДЕО: Нов бетонски ѕид се гради во Охридското Езеро со тешка градежна механизација

Од:

Без документација, ниту било каква градежна дозвола се бетонира нов ѕид на брегот од Охридското Езеро. На парцелата забрзано се гради ѕидот, а денеска на терен, освен неколку работници имаше и тешка градежна механизација. Нелегалното бетонирање во езерото е кај св. Стефан, односно пред Специјализираната болница за кадиоваскуларни заболувања во Охрид.

Во близина на локацијата каде се прави новата дивоградба има хотел, но и други дивоизградени објекти кои никој не ги урива со години, односно, работат непречено. Неофицијално, општинските инспектори излегле на терен и направиле записник.

Пред отворањето на туристичката сезона, во Охрид беше регистрирано враќање на платформите во Охридско Езеро, кои претходно беа отстранети со завршување на минатата сезона. Минатата недела, беше изграден бетонски ѕид во автокампот „Градиште“, кој беше експрено отстранет од изведувачот по бурните реакции на јавноста и постапувањето на општинската инспекција.

Претходно, Државната комисија за спречување корупција побара од Владата да ги преземе сите активности за да им ги одземе ингеренциите на Општина Охрид и Општина Струга и таа да ги урива дивоградбите.

Овие нелегални активности се во период кога Охрид се бори да го зачува статусот на УНЕСКО-подрачје, а кој беше доведен во прашање поради нелегалните градби кои се над 1000 во градот.

Би можело да ве интересира

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

Орце Костов

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски

ВИДЕО: Блесна новогодишната елка под вода во Охридско езеро

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

Покуќнина, отпад и стари гуми извадени од Охридско езеро

Охридскиот регион останува на листата на УНЕСКО