(ВИДЕО) Нинџа: Добив најниска казна за „27 април“ бидејќи не нападнав никого во Собрание

Од:

Осудениот Александар Василевски – Нинџа за случајот „27 април“ не е сигурен дека ќе ја добие тужбата што ја поднесе против Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој и натаму смета дека е оправдано што добил најниска казна за предметот каде беше осуден за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност. Нинџа во изјава за „А1он“ вели: „Судот  ќе процени дали ќе ја добијам или не“, по судењето каде беше сослушан како тужител.

„Јас немам добиено амнестија и тужбата е бидејќи господинот Наум Стоилковски ме клевети. Образложив пред судскиот совет ама бидејќи постапката е во тек“, вели Нинџа за „А1он“.

Тој беше прашан како ја добил најниската казна за „27 април“, каде се досудени вкупно 211 години затвор, на што тој одговори: „Ниту сум бил во Собрание ниту сум презел каков било напад врз пратеници, физички лица, новинари. На 27 бев околу собранието и ја известував тогашната управа за безбедност и контраразузнавање“.

Тензично помина рочиштето каде Александар Василевски – Нинџа, осуден и сведок во предметот „27 април“, го тужи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, за клевета. Причината е прес-конференција каде портпаролот кажа: „режимот на СДСМ/ДУИ пресуди над 200 години затвор заради изјавата на  Александар Василевски – Нинџа, а тој ќе шета слободен по улиците. Над 200 години затвор, Нинџа помилуван од Пендаровски на предлог на Маричиќ и на Заев“.

Судијката Наташа Тодорова најпрво не овозможи тонско снимање на рочиштето со образложение дека нема услови, одби истото да го одложи додека не обезбеди судница со инсталирана опрема, не дозволи новинарската екипа на „А1он“ да води забелешки, се закани со земање опрема за работа, го извади тужениот надвор од судница повикувајќи се на ЗПП, но не и на член од законот, а потоа го сослуша тужителот Василевски – Нинџа. Расправија имаше и меѓу Ружица Николовска, адвокатка на Стоилковски, и судијката. Николовска бараше Стоилковски да остане во судницата, судијката да не прави суштествена повреда и да води рочиште без тонско снимање. Судијката Тодорова, пак, во записник не нотираше сè што на рочиштето беше кажано, со образложение: „Судот одлучува што ќе влезе на записник“, што е спротивно за ЗПП. Сето ова, на крајот, по исказот на Нинџа, резултираше со барање за изземање на судијката, за кое треба одлучи претседателот на судот.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески