(ВИДЕО) Николовски: Следува прочистување на правосудството – приклучете се на маршот „Чекориме за правда“ од 18 часот пред Собранието

Од:

„Нашата заложба за градење на силни, независни и професионални јавни обвинителства – успева.

Собранието со потребното мнозинство пратеници го усвои Законот за јавно обвинителство.

Ставивме уште еден темел на неселективната правда и на правосудство кое гарантира одговорност и казнивост за секој којшто го прекршил законот“, рече Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

„Им честитам на пратениците кои го поддржаа овој Закон. Огромното мнозинство во Собранието покажа дека иднината на земјата е поважна од партиските тактики. Нема веќе простор за криминални структури и за политичари кои поддржуваат криминални интереси.

Тие што се дрзнаа да го кочат напредокот на државата – изгубија!

Извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се поразени од пратениците, од народот, од СДСМ и од сите политички и граѓански сили кои и мислат добро на сопствената земја.

Правда ќе има, правдата доаѓа.

Затоа, ве повикувам денеска со почеток во 18 часот да се приклучите на Маршот „Чекориме за правда“.

Тргнуваме од Собранието – и завршуваме пред комплексот судови – таму ја упатуваме нашата порака.

Следува прочистување на правосудството. Тоа имаме да порачаме и за тоа бараме поддршка, од вас од граѓаните!

Ве повикувам сите праведољубиви граѓани, да ни се приклучите.

Се гледаме во 18 часот пред Собранието, чекориме за правда!“, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски