(ВИДЕО) Николовски: Сите волонтери на СДСМ на располагање на институциите, одговорно во борбата со коронавирусот

Од:

„Се справуваме со глобална пандемија од коронавирусот и тоа од нас бара крајна одговорност, посветеност и внимателност. Одговорност има секој од нас, секој поединец.

Затоа многу е важно секој граѓанин целосно да ги почитува мерките, препораките и задолженијата од надлежните институции. На тој начин сите го даваме придонесот за заштита на најавжаното – здравјето.

Институциите прават се за да ја спречат закана, да ги заштитат граѓаните и да се справат со последиците“, вели генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Сега е време секој од нас, сите ние заедно, да им помогнеме така што ќе ги почитуваме нивните препораки и ќе се придржуваме до секоја мерка.

СДСМ како одговорна и сериозна партија низ општинските структури создаде мрежа од млади волонтери, храбри луѓе кои не се во ниту една ризична група, спремни својот волонтерски ангажман да им го стават на располагање на институциите.

Ја информирам јавноста дека сите наши волонтери низ целата држава ги ставаме на располагање на надлежните институции кои имаат потреба од волонтери, како Црвениот крст, општинските сервиси но и секоја друга институција на која сега или во иднина ќе и биде потребно.

Согласно потребите на институциите, ќе се вклучиме и заедно ќе помагаме. Делувањето и вклучувањето на волонтерите ќе биде исклучиво под палката и насоките на надлежните институции.

Тоа е одговорно, институциите ќе проценат каде и за што има потреба, на каков начин ќе им се помага на граѓаните.

Во деновиве пред нас да ги тргнеме сите поделби, сите различности и да се сплотиме во предизвикот да го заштитиме нашето здравје.

Сечие здравје е важно, секој човек е важен. Да продолжиме дa се однесуваме одговорно, сериозно, зрело и смирено. Заедно сме сплотени во маката, но и заедно ќе излеземе од неа како победници“, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски