(ВИДЕО) Николовски: Нова кривична пријава за злоупотребите на Христијан Делев

Од:

„Денеска поднесувам нова Кривична пријава против Христијан Делев, актуелен заменик министер за економија.

Скандалите што ги откривме во Министерството за земјоделство, поврзани со Христијан Делев, пуленот на Никола Груевски, мора да добијат судска, институционална разешница согласно законите“, изјави Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Документите и доказите заедно со Кривичната пријава ги доставувам до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Христијан Делев треба да одговори како тоа склучувал договори за ослободување на фирми блиски до власта од плаќање закупнина за огромни површини од над 5 илјади хектари, државно земјдоелско земјиште?

Христијан Делев, пуленот на Груевски, потпишал анекс договори со АК „Џумајлија“ за ослободување од закупнина за 5.642 хектари. Врз основа на кој закон и кое овластување го направил тоа?

Дополнително, потпишувал анекс договори за ослободување од плаќање закупнина за фирмата „Лозарство Таринци“ за 334 хектари, за „Вардар Градско“ за 3.220 хектари државно земјоделско земјиште.

Додека на вистинските земјоделци им се укинуваат субвенциите, само еден ден ако задоцнат со плаќање на закупнината, фирмите блиски до власта биле ослободувани од обврската за плаќање закуп.

Вистинските земјоделци немаат ниту земја ниту пари. Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е на дирекна штета на земјоделците.

За ваквото самоволие на функционерите на Никола Груевски одговороност мора да има.

Во името на правдата и вистинста грижа за земјоделците барам да биде покренато обвинение против Христијан Делев и да се спроведе соодветна законска постапка.

Ова е уште еден пример зошто незаконската аболиција мора целосно да се поништи.

Законот мора да важи за сите подеднакво. Секој што правел злоупотреби ќе одговора“, рече Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение