(ВИДЕО) Николовски: Не само што нема субвенции, нема ниту пласман за јаболката

Од:

Денеска сме во Преспанско. Да се видиме со производителите на јаболка, да ги видиме нивните проблеми и нивните маки. Она што овде го видовме е дека родот е богат и квалитетен, но трговците ги нема, пласман нема, а цената на откупното јаболко е многу ниска, рече Љупчо Николовски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостапанство.

Јаболко производителите ги имаат овие маки и проблеми со коишто решенија мора да бара државата. Државата и министерството се тие коишто треба да интервенираат и во цената и во откупот и да отворат нови пазари и нови пласмани за јаболкото. Но, она што е голем проблем за овие граѓани е субвенциите од државата. Субвенциите не за партиска, туку државна мерка. Може да се констатира дека субвенциите за овоштарите и лозарите повторно доцнат.

Lj.Nikolovski f2

Во програматa на Никола Груевски и на Зоран Ставревски потпишана од Владата се вели дека крајниот рок за почеток на исплата на субвенциите на овоштарите и лозарите е ноември. 44Lj. Nikolovski f5

Се уверивме денес дека ниту еден земјоделец, ниту еден јаболко производител нема добиено субвенции за 2015 година. Но, ни се пожалија и многу други луѓе дека и за 2013 и за 2014 не ги добиле субвенциите во целост, односно истите не им се исплатени. Затоа од тука апелираме субвенциите за јаболко производителите да започнат да исплаќаат веднаш.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат