Денеска сме со граѓаните на Дојран, разговаравме за проблемите со коишто се соочуваат и мерките од Програмата на СДСМ, тоа е нашата цел на денешната посета и на денешните средби со жителите, рече Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
„Не може да се одвојуваат 18 милиони евра за Тркало на лудилото во Скопје а во Дојран да не се зголеми капацитетот на пречистистелната станица, да не се реконструира пречистителната станциа, и да нема пари за поврзување на крајбрежната населба Николиќ со колекторскиот систем во Дојран.
СДСМ во Програмата со којашто ќе настапи на следните избори, има приоритетни проекти за секоја општина, така и за Дојран предвидуваме три клучни приоритетни проекти за коишто превземаме обврска за нивнот реализирање.
– Оспособување на хидро системот за наводнување на земјоделско земјиште.
– Нова заобиколница, на потегот од влезот на Нов Дојран до граничниот премин Стар Дојран.
– Нова градска плажа со придружна инфраструктура- на делот на крајбрежјето во Нов Дојран од поранешното претпријатие Дојранско езеро до излезот.
Но, она што е клучно во Дојран е тоа што ќе направиме генерална ревизија на тоа како е доделено земјоделското земјиште низ цела Македонија, тоа е еден од клучните проблеми во овој дел, бидејќи на луѓето од тука не им се дава земјоделско земјиште за обработување, и истото е во раце на луѓе коишто се надвор од ова место.
Исто така предвидуваме како што планираме ревизија на земјоделското земјиште, предвидена е и во нашата програма и ревизија на тоа како се доделни сите концеции, вклучително и ревизија на концесијата на Дојранското езеро. Ова се клучните приоритети за коишто цврсто застануваме.
Нашата искреност, нашиот чесен пристап и нашата одговорност е гаранција дека токму овие приоритети ќе ги реализираме со промените“, рече Николовски.