(ВИДЕО) Николовска: Обвинителството да покрене истрага за вмешаност на Заев во „Рекет“

Од:

„И после неколку дена од завршните зборови на првообвинетиот во случајот „Рекет“, а во врска со потребата од вештачење на неговиот мобилен телефон кој јасно посочи на комуникација со Зоран Заев, се уште имаме молк од Јавното Обвинителство.

Среде судница, за најголемата криминална рекетерска афера посочено е на постоење на пишана порака на мобилен телефон од 16-ти април минатата година, во која Зоран Заев од позиција на премиер на Република Македонија, на првообвинетиот му порачува: „Дојди да се видиме и ќе ги соочиме доказите“. Од ова, јасно може да се заклучи дека обвинителството смислено не ги вештачело мобилните телефони на првообвинетиот во случајот „Рекет“, рече Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Основно право и должност на Јавниот Обвинител е да ги гони сторителите на кривичните дела. Како орган, јавното обвинителство е должно да обезбеди еднаквост на граѓаните пред законот во вршењето на својата функција и на тој начин да го зачувува и штити јавниот интерес. Дали во конкретниов случај, и покрај јавно искажаните наводи од првообвинетиот кои се сметаат за допрениот глас, Обвинителството не сака да покрене истрага за можна вмешаност на Зоран Заев во оваа најкриминална афера, посебно што се работи за човек кој бил премиер по функција и згора на се, и повторно претендира за истата функција, или не?

Дали Обвинителството и институциите имаат двојни аршини и стандарди во борбата со криминалот, дали Обвинителството едни граѓани ги штити и ги смета за подеднакви меѓу еднаквите? Законите во Република Македонија важат подеднакво за сите без оглед на политички статус и без разликување по ниту една основа?

Ние не правиме компромис со криминалот, и македонскиот народ не сака компромис со криминалот. За жал, со Зоран Заев и СДСМ добивме криминал, сиромаштија и срам.

Апелираме и го охрабруваме Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да постапи согласно своите надлежности и должности за разоткривање на криминалот и корупцијата. Уште еднаш го повикуваме ЈО да излезе од пупката на Заев и да спроведе сериозно истрага по наводите искажани во судница за најкриминалната афера во Република Македонија, каква не се памети.

Одговорност мора да има“, изјави Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски