(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

Од:

Предложената Концепција за гимназиско образование од страна на министерката Јаневска е на директна штета на учениците и наставниот кадар. Како одговорна партија, остро се спротивставуваме на сериозни слабости и пропусти кои создаваат ризик од влошување на квалитетот на гимназиското образование. Од предложената Концепција, се забележува дека реформите се предложени без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието. Апелираме да се вразуми министерката Јаневска, да отвори Јавна дебата, да ги земе во предвид сите мислења, да направи сериозна анализа, а не онлајн анкети, за да се избегнат сериозни последици по образованието на младите, изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

-За жал, наместо унапредување на критичкото размислување, предметите како Филозофија, Социологија, Педагогија, Логика и Етика се маргинализираат или целосно се укинуваат. Нашето образование мора да едуцира млади луѓе кои ќе знаат како да размислуваат, а не што да мислат. Едноставно не сакаме да мислиме дека на една министерката за образование и пречи развојот на критичката мисла, па затоа сака да ја оневозможи.

После учењето странски јазик од серии, сега министерката предлага учениците да учат етика преку личен пример на однесување кои им го даваат наставниците. Ова значи крајно несериозен пристап кон научната мисла на етиката, логиката, филозофијата и социологијата. СДСМ предлага да се земат во предвид сите забелешки на стручната фела, на наставниците чии реакции веќе се актуелни во јавноста и во интерес на учениците да им даде соодветно место на наставните предмети од корпусот на општествено-хуманистичките области. Предлагаме реформите во гимназиското образование да се базираат на стручно изготвени анализи и евалуации, а не како во оваа Концепција на онлајн анкети. Нашата визија е образовен систем кој ќе ги подготви учениците да живеат како слободни и одговорни лица во покомплексен и неизвесен свет, да бидат личности кои што ќе можат да се справуваат со предизвиците на иднината. Само морално храбри, рационални млади луѓе со критичка мисла, се надеж за нашето општество – рече Николова.

Би можело да ве интересира

Ливриниќ: Скопје Север ќе го направиме место каде што сите ќе сакаме да живееме

Трајановски: Жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година

Кандидат за советник на ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ, тврди Мартин Костовски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Филипче: „Или си СДСМ или не си“

(ВИДЕО) Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Горан Наумовски