(ВИДЕО) Николова: Потпишан договор за унапредување на патната инфраструктура во општина Аеродром, средства кои Муцунски ги блокираше како пратеник

Од:

„Денеска, беше потпишан договор помеѓу Министерството за транспорт и врски и општина Аеродром за подобрување на патната инфраструктура во општината. Станува збор за финансиски средства од над 40 милиони денари за реконструкција на улиците Мите Богоевски и Црноризец Храбар во Населба Лисиче, за која реконструкција, Проектната докумнтација е целосно споведена и подготвена од претходната локална власт предводена од СДСМ“, рече Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

„Овој потпишан договор е само уште една потврда дека Владата предводена од СДСМ се грижи и обезбедува средства за локален развој и унапредувањето на квалитетот на животот на сите граѓани.

Градоначалникот Муцунски се пофали дека со инфраструктурните проекти што ги реализира сериозно го менува изгледот на Аеродром, но чесно е да каже дека тие проекти се обезбедуваат со финансиски средства преку потпишување токму на овој договор со Министерството за транспорт и врски како дел од проект на Светската банка, кој тој лично го кочеше додека беше пратеник и претседател на Комисијата за финансирање и буџет.

Односно, иронијата да биде поголема пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, во Собранието цела година го блокираа законот за финансирање за поврзување на локалните патишта, а со тоа ги блокираа и овие средства за кои денеска се ставаат директно во функција на општините за реконстукција на локалните патишта.

Дополнително, неспособноста на Муцунски навреме да обезбеди лиценциран градешен инспектор во општината доведе до состојба на урбанистички хаос во кој дивоградбите стануваат секојдневие.

Како Влада продолжуваме да работиме единствено во интерес на граѓаните. Сите политики и мерки се носат по претходно креирани стратегии за унапредувањето на квалитетот на животот на граѓаните.

Продолжуваме и понатаму да бидеме сервис на граѓаните и да ги исплнуваме ветувањата дадени пред нив“, изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски