(ВИДЕО) Николова: Јаневска продолжува со еднострани одлуки за гимназиското образование

Од:

На предлог на СДСМ, Собраниската Комисија за образование, наука и спорт го усвои предлогот за одржување јавна расправа за Предлог Концепцијата за гимназиско образование. Водени од ставовите на стручната фела кои своите мислења ги даде во јавноста, сметаме дека оваа јавна расправа е од исклучителна важност бидејќи ќе овозможи поширока дискусија со сите засегнати страни – наставници, експерти, претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и учениците. СДСМ останува доследна на својата заложба реформите во образованието да се носат низ темелен и инклузивен процес. Образовните политики мора да бидат резултат на стручни анализи, научни евалуации и конструктивен дијалог со сите релевантни чинители, изјави Даниела Николова – пратеничка на СДСМ.

– За жал, министерката Јаневска во досегашниот процес не покажа подготвеност за вистинска јавна дебата. Наместо да отвори простор за дијалог со експертите и наставниците, таа продолжува со еднострани одлуки кои предизвикуваат сериозна загриженост во јавноста. Начинот на кој досега се турка оваа концепција покажува отсуство на транспарентност и недостаток на слух за критиките и сугестиите од стручната фела.

Затоа, сметаме дека оваа јавна дебата во Собранието треба да се организира поскоро со што ќе се покаже дека е разбрана важноста на овој процес. Само низ искрена и отворена дискусија можеме да донесеме решенија кои ќе бидат во интерес на учениците, наставниците и целиот образовен систем. Универзитетските професори, наставниците, средношколците и сите засегнати страни имаат суштинска улога во креирањето на квалитетен и одржлив образовен систем.

СДСМ ќе продолжи да се залага за подобрување на условите во образованието и за реформи кои ќе бидат во најдобар интерес на учениците, наставниците и општеството во целина – кажа Николова.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски