(ВИДЕО) Николова: Инвестираме во изградба на нов мост во Аеродром за експресно поврзување со соседните општини

Од:

„СДСМ преку градската и општинската власт што ги предводи континуирано инвестираат во сообраќајната инфраструктура во општина Аеродром.

Во моментов се наоѓаме на новиот бул. АСНОМ чија што прва фаза од изградбата заврши во мај годинава. Некогашната ул. АСНОМ, на потегот од бул. Србија до Васко Карангелески сега е булевар со по 3 ленти во двата правци, средишно зеленило, велосипедски и пешачки патеки од двете страни“, вели Даниела Николова, ОО СДСМ Аеродром.

„Во тек е изградбата на втората фаза од изградбата на овој булевар која вклучува изградба на нов мост преку Вардар кој ќе ја поврзува општина Аеродром со соседните општини Гази Баба и Центар, кај населбата Ќерамидница, на крстосницата со бул. Гоце Делчев и ул. Беласица.

Со изградбата на овој мост двојно се крати времето потребно за патување од Ново Лисиче до Центар, односно од Ново Лисиче до Мавровка би се стигнувало за помалку од 5 минути.

Во завршна фаза е и реконструкцијата на бул. Видое Смилевски Бато, а минатата година целосно беше реконструиран бул. Февруарски поход и ул. Владимир Комаров на потегот од Железничка до бул. Јане Сандански.

Преку Општина Аеродром изградивме и реконструиравме голем број улици во сите делови на општината: нови краци на улицата „Пандил Шишков“, нова улица со јавно паркиралиште покрај улицата „Фрањо Клуз“, нова улица „Новопроектирана 3“ кај висококатниците, повеќе краци на улицата „Венијамин Мачуковски“ во Мичурин, улиците „Тодор Чангов 20“,„Тодор Чангов 41“и „Ѓорги Капчев 9“, „Божин Николов – Силни“ во Горно Лисиче и улица „20“ во Долно Лисиче.

СДСМ продолжува да работи на изградба на нова и реконструкција на постоечката патна инфраструктура во сите делови на општина Аеродром.

Градиме по план и инвестираме во иднината, посветено работејќи на проекти важни за граѓаните“, изјави Даниела Николова, ОО СДСМ Аеродром.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Горан Наумовски

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст