(ВИДЕО) Николова: Апелирам до сите пратеници, да гласаме за уставните измени и да обезбедиме иднина во ЕУ и НАТО

Од:

„Исправени сме пред мошне значајна, историска одлука за сите наши граѓани и нашата држава.

Сега е моментот на одговорност и делување, зошто не се знае дали некогаш воопшто ќе ја имаме оваа шанса.

Комисија за уставни прашања ги поддржа уставните амандмани , следен чекор е пратениците да ја донесат сопствената одлука и со тоа да бидат запишани како учесници на донесувањето на најважната одлука за државата и воедно за граѓаните“, рече Јулијана Николова, пратеничка во Собранието на Република Македонија од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата.

„Ги повикувам сите пратеници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, да се одважат и да ги поддржат овие амандмани со што ќе ја обезбедат евроатланската иднина на нашата држава.

Сегa е моментот сите заедно, со заеднички сили да покажеме колку ни е грижа и колку и сакаме најдобро на нашата земја обезбедувајќи и светла иднина и членство во ЕУ и НАТО.

Граѓаните го искажаа својот став, мнозинството ја даде својата поддршка за тоа Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО.

Затоа, ние како нивни претставници треба да ја послушаме нивната волја и да ги подржиме уставните амандмани.

Се докажа дека со нив не се губи ништо туку напротив, се гарантира идентитетот, неповредливоста на нашите граници и се зацврстува историскиот континуитет на државноста.

Како пратеници имаме должност и одговорност за донесувањето на оваа сериозна одлука.

Никој нека не се надева на амнестија. Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму тврдоглаво ја турка Македонија во бездна, решението се предврмени избори, веднаш.
Нема бегање од волјата на граѓаните.

Апелирам до сите , да ја донесеме најзначајната одлука за нашата држава и да гласаме за уставните амандмани. Да бидеме горди што сме и го отвориле патот на нашата држава во ЕУ и НАТО и заедно сме обезбедиле иднина!“, изјави Јулијана Николова, пратеничка во Собранието на Република Македонија од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите