(ВИДЕО) Николов: Триото Заев-Филипче-Дончев, осиромашените граѓани ќе ги остави во наредните 10 години да се лекуваат во руинирани болници

Од:

„Триото Зоран Заев, Ден Дончев и Венко Филипче го уништуваат здравството. Тешко е да се наброи што се направи ова трио во изминативе неколку години.

Прекинаа готов проект за Клинички центар Мајка Тереза со обезбедени пари од развојна Европска банка, ги оставија пациентите во руинирани згради да се лечат следните 10 години, го пропаднаа концептот јавно приватно партнерство во детската кардиохирургија, спроведоа и платија бескорисни физибилити студии без некои посебни заклучоци.“, рече Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

„Поминаа десеттина дена откако Заев и Филипче најавија дека планираат до крај на годинава да стартува изградбата на новиот Клинички центар. На повидок не e само скандал, туку најголемиот грабеж од времето на независна Македонија заедно со овој што денеска го слушаме.

Пари обезбедени, позајмени од комерцијални банки, кои се грижат само за профит, а истите ќе ги враќаат граѓаните.

Со ова Македонија ќе се фрли во поопасно должничко сценарио, а граѓаните и понатаму ќе осиромашуваат и нема да добиваат соодветна
здравствена услуга.

Триото Заев-Филипче-Дончев, осиромашените граѓани ќе ги остави во наредните 10 години да се лекуваат во руинирани болници на Клиничкиот центар Мајка Тереза.

Ова стана јасно особено по објавување на јавниот повик за конкурентен дијалог за нов Клинички центар. Тендерот има два елементи цена и квалитет. И онака едноставно се вели дека 30 бодови ќе се добијат од цената, а 70 бодови ќе се добијат од квалитетот!

Дополнително, во годишниот план на Министерството за здравство таква набавка нема. Измислиле сооднос цена квалитет 30 спрема 70, а како и вообичаено Филипче не дава одговор зошто?!

Оттука треба да се каже дека Заев и Филипче се должни да дадат повеќе одговори. Прво, во какви услови и како ќе се лекуваат граѓаните во наредните 10 години?

Второ, треба да им кажат на граѓаните од Драчево, Студеничани, Зелениково и Сопиште дали ќе одат на лекар во Велес или во Скопје?

Трето, зошто се зема кредит од комерцијална банка кои ги интересира само профитот, а не кредит од развојна Европска банка?

Четврто, колкава ќе биде каматата од позајмените половина милијарда евра?

Петто, кој ќе го контролира спроведувањето на моделот клучна рака? Има ли министерството капацитет за контрола на фирмата која што ќе гради по овој модел?

Шесто, кој ќе одлучува што е квалитет и по кои критериуми ќе биде дефиниран квалитетот?

Седмо, ќе има ли тендерско наддавање? Или повторно само една фирма ќе биде најдобра?

Мора да се стави крај на расипничкото однесување на триото Заев- Филипче-Дончев. Филипче како доктор мора да се спротивстави и не смее да дозволи на ваков начин да се гради новиот Клинички центар.

Капиталниот проект за јавно приватно партнерство за детска кардиохирургија се распаѓа, нека не дозволува иста судбина да има и новиот клинички.

Во спротивно потребно е да си замине, исто како што потребно е да замине и Зоран Заев, за граѓаните да не ја плаќаат повеќе цената на
криминалите на власта. Сите инволвирани во овој криминален план ќе одговараат во моментот кога правдата ќе биде еднаква секој поединец.“, наведе Николов во обраќањето.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски