(ВИДЕО) Николов: Се решава проблемот со неисчистениот канален систем во Стар Караорман

Од:

„Се наоѓаме на потегот каде поминува каналниот систем за наводнување преку кој се дистрибуира вода до 560 хектари земјоделско земјиште во атарот на Стар Караорман и Карбинци кои преставуваат сновен извор на егзистенција за жителите од овој крај.

На последната средба што како пратеник од третата изборна единица ја имав со жителите од Стар Караорман, беше побарано решавање на деценискиот проблемот со неичистениот канален ситем“, вели Сашко Николов, кандидат за градоначалник на општина Штип.

„Иницирав средба со локалните власти и надлежни институции на која побарав решавање на овој проблем. Ја утврдивме динамиката со која овој проблем може да биде решен и се зафативме за работа. Машините се веќе на терен и работит на расчистување на овој канален ситем кој со години наназад беше запуштен и преставуваше проблем за жителите.

Ова е мала, но значајна активност која покажува дека барањата на граѓаните се приоритет за нас. Гласот на граѓаните секогаш ќе биде слушнат и ќе биде патоказ за секоја наша активност.

Еден од моите приоритети како иден градоначалник на Штип е намалување на разликите кои постојат помеѓу урбаните и руралните срединини.

Предвидуваме изградба на рекреативна пешачка патека од населбата Караорман до населбата Баби. На овој начин ќе биде гарантирана безбедноста на пешаците но штипјани ќе добијат и нови содржини за рекреација. Жителите на Караорман ќе добијат и нови паркови површини збогатени со содржини за најмалите.

Продолжуваме да работиме на подобрување на инфраструктирата во ова населено место.

Визијата за Штип како модерен, европски и безбеден град започнавме да ја и градиме пред три години, а сега имаме шанса заеднички да ја продолжиме.

Солидарноста, професионалноста и работа во интерес на сите граѓани е мое мото, моја заклетва пред вас. Штип заслужува да е Во сигурни раце!“, изјави Сашко Николов, кандидат за градоначалник на општина Штип.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“