(ВИДЕО) Николов: Расипаната медицинска опрема, нови апарати кои не се одржуваат е сликата од влијанието на СДС врз здравството

Од:

„Директното мешање во здравството и деструктивната политика на СДС врз здравствениот систем на Република Македонија доведе до големи проблеми во функционирањето на истиот. Ефектот на ова деструктивно влијание на СДС доведе до загрижувачка состојба во здравствените установи низ целата држава.

Ова резултираше со штетно мешање во здравството, кое што се манифестираше последниве 5 месеци. Тоа се:

Расипана медицинска опрема во голем број на здравствени организации, нови апарати кои не се одржуваат и се нефункционални, зголемување на времето на чекање во МојТермин, нестручни кадровски решенија кои што резултираат со незадоволни пациенти и незадоволни лекари и медицински персонал. Ете тоа е сликата од влијанието на СДС врз здравството.

Во 21 век, некој дозволува во македонското здравство да не работат основните дијагностички апарати, а несоодветните кадри на СДС не се ни обидуваат да го решат тоа, туку ги оставаат граѓаните да патуваат по стотици километри за една вообичаена дијагностичка процедура.

Во МЦ Штип и понатаму не работи ангиографот, во кампусот клиники Мајка Тереза и понатаму не работат два компјутерски томографи, а веќе подолг период не работат ниту апаратите за компјутерска томографија во болниците во Охрид и во Струмица. Пациентите се упатуваат на друго место.

СДС без објаснување и скандалозно ја запре изградбата на новиот клинички центар во Кампусот Мајка Тереза и дополнително го укина ургентниот интернистички центар при што притисокот врз терциерното здравство се повеќе се зголемува.

СДС и нивното деструктивното мешање во здравството се директна причина што иако опремена и најавена за пуштање во функција, сеуште не е отворена новата интензивна нега на Клиниката за Детски болести. Овој важен дел од Клиниката за детски болести е подготвен и опремен со проект на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а се уште не се отвора од причини познати само на СДС. Со тоа се ставаат во опасност животите на најтешко болните деца.

Во изминативе месеци откако е СДС на власт, сведоци сме на трагични случаи на Клиниката за гинекологија и клиниката за Детски болести, за кои освен паушални изјави, не се соопштува за превземање на некакви соодветни мерки за да не се случат повторно.

На толку напор да се подобри здравствениот систем и вложени инвестиции од страна на претходната влада, како и набавена нова медицинска опрема и сериозно унапредени услови за пружање на здравствени услуги, СДС покажа дека се неспособни да менаџираат и да раководат со здравствениот систем.

Крај на оваа хаотична состојба во здравството ќе стават граѓаните на изборите на 15-ти октомври. Тие ќе кажат НЕ на политиката на владата на СДС која со директно мешање го нарушува функционирањето на здравствениот систем“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт