(ВИДЕО) Николов: Потребно е системско и планско тестирање, за да имаме вистински информации за состојбата со епидемијата во земјата

Од:

„Филипче вели намалување на бројот на нови носители на корона вирус, но статистиката вели и зголемување на бројот на заболени.

За два дена во Србија беа направени над 10 илјади тестови за корона, во Македонија тој број за два дена е само 400.

Колку за илустрација вчерашната статистика говори дека се направени 332 тестирања, а бројката на заболени е 33. Тоа е 10 проценти од вкупната бројка на тестирани. Хрватска, Словенија речиси и не бележат нови случаи на дневна основа“, рече Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Она што исто така загрижува е и бројката на новозаболени здравствени лица, поточно медицински персонал.

Многу е јасно како може да се стави ситуацијата под контрола, процесот за тоа е јасен – потребно е да се зголеми бројот на тестирања! Само така ќе знаеме како понатаму. Само така ќе знаеме како понатаму.

Сите соседни земји го зголемуваат бројот на дневно направени тестови, ги тестираат ризичните групи. Внимавајте, кај нас ова е само во фаза на најава?! Како без ова мислат да прават стратегија за тоа како понатаму!?

Без системски пристап, без вистинско и планско тестирање, тука мислам и на лица од ризичините групи, нема да може да имаме вистински информации за состојбата со епидемијата во земјата.

Без ваков пристап тешко е да се направи соодветна стратегија за тоа како понатаму. Без ваков пристап нема ни соодветна здравствена политика.

Потребен е итен и темелен скрининг. Едноставно, ситуацијата кај нас не е под контрола. И е најмалку розева. Здравствените лица не треба да и служат на политиката, и не треба да ја разубавуваат грдата реалност поради политички интереси. Здравствените лица треба да служат на здравјето на граѓаните. Токму затоа потребно е да се зголеми бројот на тестови кои се изведуваат дневна основа. Само така ќе знаеме како понатаму“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски