(ВИДЕО) Николов: Поради незаинтересираноста на СДС да ги решава проблемите во здравството, еден по еден апарат откажува

Од:

„Здравствениот систем и понатаму е под директно деструктивно влијание на СДС. Ова најмногу го чувствуваат граѓаните на Македонија, но и лекарите и медицинскиот персонал.

Како резултат на незаинтересираноста на СДС и Министерството за здравство да ги решаваат проблемите во здравствениот систем и да ги одржуваат апаратите неопходни за функционирање на истиот, денес доаѓаме до тоа да еден по еден откажуваат неопходните апарати за дијагностика на пациентите. Терциерното здравство е под директен притисок на пациентите, а лекарите се ставаат во состојба да не можат да помогнат бидејки немаат основни орудија за работа.

И покрај тоа што обзнанивме неодамна дека во Источна Македонија не работат комјутерските томографи, ништо не се превзема за корекција на ваквата состојба, па како резултат на тоа дојдовме до состојба да не работат и два компјутерски томографи во Кампусот Клиники Мајка Тереза.

Пациентите кои имаат потреба од оваа дијагностичка процедура сега се препраќаат во ГОБ 8-ми Септември, а сето тоа заради неспособноста на Министерството и раководството на Клиниките да го решат проблемот.

Ваквата состојба беше очекувана, со СДС на чело, и кадровските решенија кои тие ги направија. Здравството е еден комплексен систем, кај кој доколку една аномалија не биде отстранета брзо и ефикасно, се продуцира голема деформација на друг дел од системот. Заради тоа дојде до состојба кога Клиниките под притисок на нефункционалноста не сегменти од секундарното здравство почнуваат да ја намалуваат ефикасноста во пружање на здравствените услуги. Сето ова ќе резултира со зголемување на времето на чекање на мој термин, а со самото тоа ризикот по здравјето на пациентите ќе се зголемува.

Предлагаме и го советуваме Министерството, да излезе во пресрет на граѓаните и на пациентите, и што побрзо да го стави во функција Компјутерскиот томограф на Клиниката за неврологија, кој засега се користи само за снимање на глава, а не и на останатите делови на телото. На тој начин СДС може вистински да излезе во пресрет на граѓаните и да покаже грижа за нивното здравје.

Граѓаните не заслужуваат да се тактизира со нивното здравје, поради неспособноста на СДС и Заменик министерот за здравство Чакаровски. Затоа на 15-ти октомври граѓаните ќе речат не на оваа неспособна и деструктивна политика“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски