(ВИДЕО) Николов: Пари за кондоми има, ама за вакцини против корона нема

Од:

„Министерството за здравство има промашени приоритети. Наместо вакцини, тие набавуваат лубриканти и кондоми. Додека кон крајот на декември минатата година сите не замајуваа со датумот за стартот на вакцинацијата против Ковид–19, Министерството за здравство и Венко Филипче склучиле три договори за набавка на лубриканти и кондоми.

Еден од договорите е во вредност од околу 750 илјади денари, вториот е во вредност од речиси 476 илјади денари, а третиот договор е во вредност од скоро 182 илјада денари“, рече Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Замислете, во време кога недостасуваат вакцини, лекови на позитивна листа и кога нородот си ги плаќа од свој џеб антикоагулантите Клексан и Ксарелто, некој одлучил да набавува лубриканти и кондоми.

Ваквите набавки на лубриканти и кондоми, единствено му одат од рака на министерот Филипче. Прашуваме дали ваквите набавки повторно се водени од провизии?

Пари, во земјава има за кондоми и лубриканти, за подновување на возниот парк на функционерите, и за други непотребни трошоци, ама, пари за доволна лична заштитна опрема, за обезбедување на неинвазивна вентилација за пациентите, за медикаменти и се што е потребно за справување со последиците од корона кризата нема.

И така, поради непотребно трошење на народни пари, Македонија не се најде ниту на листата на 19 земји за кои Европската унија од солидарниот фонд додели пакет вреден 530 милиони евра.

Замислете, минимумот кој бил проектиран од страна на ЕУ за користење средства од Фондот за солидарност не бил постигнат!

Или едноставно, граѓаните сами плаќаа и понатаму плаќаат, плаќаат за се, за тестови, за лекови, за анализи….

Во меѓувреме, Филипче и Заев не успеаја да постигнат ниту еден договор за набавка на вакцини против корона. Освен обидот да го измамат официјален Пекинг преку фантом фирма за што беа разоткриени и авансот им беше вратен.

Го нема ниту договорот со Фајзер, имало дополнително барање од производителот за обештетување при евентуални несакани ефекти и Македонија и понатаму чека повратна информација!

Заклучокот е, пари има за се, ама нема за справување со корона кризата! Затоа надлежните потребно е да поднесат одговорност Министер, ако малку имате образ и срам, одете си од функцијата.

Немате потреба да го следите Зоран Заев во неговите погубни и коруптивни политики“, изјави Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик