(ВИДЕО) Николов: Од чоколадото на власта да се одвои за леб на стечајците

Од:

„Бараме да се обезбеди егзистенција и на останатите 4.000 стечајни работници кои не се опфатени со досегашните законски решенија за стечајци.

Пратеничката група на СДСМ и опозицијата предлага Закон со којшто ќе се обезбедат финансиски средства за нив, во висина од 30% од просечната плата исплатена по работник во претходната година“, рече на денешната прес конференција пратеникот на СДСМ, Марјанчо Николов.

„За да се затвори ова горливо егзистенцијално прашање за луѓето, потребни се 5.000.000 евра што може да се обезбедат!

Потребно е само власта на Груевски да се откаже, на пример, од трошоците за Панорамско тркало, од ставката економска промоција или од кое било друго нерационално трошење предвидено со Буџетот за 2016 година.

Нагласуваме повторно дека мора да се најде решение за сите работници кои останале без работа поради стечај, ликвидација или прогласување технолошки вишок, а не да се носат законски решенија на делови, како што правеше власта на Груевски во 2008 и 2011 година.

Стечајните работници треба да бидат на возраст од 52 години за жени и 55 години за мажи, да имаат 15 години работен стаж и да останале без работа како резултат на стечај, ликвидација на или технолошки вишок на претпријатијата заклучно со 31.12.2013 година.

Мнозинството на Груевски во Парламентот може да направи реално добро дело, освен што ги поддржува трошењата за чоколадо на власта, да го поддржи законот што го предлагаме и да обезбеди леб и минимална егзистенција за оваа категорија на граѓани“, изјави Марјанчо Николов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем

СДСМ: Божиновска да поднесе оставка, премногу скандали и лаги и сервираше на јавноста

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасош

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

СДСМ: Уште чекаме одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција