(ВИДЕО) Николов: Филипче и Дончев си поигруваат со здравствениот систем, на сметка на бизнис интереси на поединци!

Од:

„Иако од Министерството за здравство, тврдат дека превземаат чекори за унапредување на јавното здравство и тоа во повеќе категории, сепак реалноста е различна. Се прават силни напори за деградирање на јавното здравство и тоа по сите основи, а најмногу кадровски и организациони.

Венко Филипче и Ден Дончев продолжуваат со реализација на своите лични бизнис интереси и бизнис интересите на компании блиски до Владата. Се фаворизираат само одредени приватни здравствени институции, и сето тоа на сметка на граѓаните, или едноставно речено се фаворизира распродажба на јавното здравство“, рече Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кардиохирургијата функционира на основа на услуги и цени платени за тие услуги којшто цени се договорени во четири очи, и во изминатиот период беа покачени во два наврата без некое реално оправдување.

Станува збор за цени повисоки дури и за 45 проценти! Замислете, Покачување на цените за здравстени услуги договорени во четири очи, не еднаш туку два пати во изминатиов период?! Не цени договорени според јавно наддавање за услуга, туку со привилегии за одредени приватни здравствени установи.

Како е можно тоа да се случува само за детската кардиохирургија, а додека останатите хируршки интервенции да немаат никаква промена на цените?! Како е можно инфлацијата да ја погоди само кардиохирургијата?!

На граѓаните им се сервираат единствено лаги за подобро здравство, а станува збор само за повисоки цени за здравствени услуги за одредени приватни здравствени установи, се еден збор ни се случува уништување на јавното здравството. И сето ова се продава преку проект таканаречен јавно-приватно партнерство.

Паралелно, бескрупулозно продолжува и процесот на префрлање на знаењето од јавното здравство во приватното здравство.

Филипче и Дончев, продолжуваат со уништување на се што е направено во јавното здравството.

Прашуваме: Дали Дончев чека уште извесен период за да ги наполни своите џебови и џебовите на лица блиски до Владата, па потоа со својот странски пасош да замине од земјата?

Ни помалку ни повеќе, Филипче и Ден Дончев си поигруваат со здравствениот систем, а на сметка на бизнис интереси на поединци!

За да му тргне на здравстениот систем и на здравство потребно е Филипче и Ден Дончев веднаш да заминат и да ги напуштат функциите!“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање