(ВИДЕО) Николов: Директното и нестручно мешање на владата на СДС врз здравствениот систем најмногу го чувствуваат пациентите и здравствените работници

Од:

„Директното и нестручно мешање на владата на СДС врз здравствениот систем во Република Македонија најмногу го чувствуваат пациентите и граѓаните, но и здравствените работници.

Заради негрижливоста на Министерството за здравство и неодговорното доцнење од повеќе месеци на тендерот за лекови за ретки болести, пациените со ретки болести се оставени без неопходната терапија.

Претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, со позитивни законски регулативи овозможи соодветната терапија за пациентите со ретки болести да биде на товар на државата. За жал во моментов, СДС и неспособноста на заменик министерот за здравство, доведоа до состојба да овие пациенти и нивната здравствена состојба зависат од спроведување на некаква административна тендерска процедура.

За жал, тука не завршува штетното влијание на мешањето на СДС во здравството.

Состојбата со системот МојТермин станува алармантна. Во 2016 година преку МојТермин во истиов период се прегледани за 40% повеќе пациенти од истиот период на оваа 2017 година. Но тоа не значи дека оваа година има помалку пациенти, туку значи дека се креирани помалку термини за преглед кај специјалист, а со тоа времето на чекање за прегледи и снимања е зголемено.

Пациентите се сведоци да ако порано можеше да се закаже преглед кај специјалист за неколку дена, сега се чека и по неколку месеци и повеќе.

Лекарите и здравствените работници, не го добија ветеното покачување на платите. Со новиот Закон за медицински студии им се ускратува можноста за повеке месечно практично усворшување и едукација во странство.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ со позитивни законски решенија, во изминатиот период овозможи околу 3.000 лекари да се едуцираат во врвни медицински центри низ целиот свет, а со самото тоа и да воведат нови методи во работата и третманот на пациентите.

Со овие штетни мешања во здравството, СДС не само што не го унапредува здравствениот систем, туку ништо не прави за здравјето на пациентите.

Повикуваме да се стави крај на штетното влијание врз здравството. А граѓаните на изборите на 15-ти октомври ќе кажат НЕ на политиката која го деформира здравствениот систем“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот