(ВИДЕО) Николов: Со централизирањето на биохемиските лаборатории ќе се зголеми можноста за погрешни и неточни резултати

Од:

За СДСМ од секогаш приоритет бил бизнисот на компаниите блиски до нив, а не здравјето на граѓаните. Таков е проектот на министерот Венко Филипче за централизирање на биохемиските лаборатории, изјави денеска на прес-конференција Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

– Самата најава за централизирани биохемиски лаборатории во вредност од 35 милиони евра во нашиот здравствениот систем, не значи ништо друго туку единствено остварување на личните интереси на точно определени локални финансиски групации, кои што се блиски до СДСМ, кои сакаат да остварат профит на сметка на здравјето на пациентите. И сето тоа со нула инвестиции. Скандалозното централизирање на биохемиските лаборатории, со кое што крвта од Велес ќе се транспортира за обработка во Битола, онаа на пациентите од Гостивар и околината ќе се транспортира во Тетово, од Берово, Делчево и Пехчево ќе се транспортира во Струмица, ниту ќе направи некаква заштеда како што најавува министерот, ниту ќе ги подобри услугите кои што ги добиваат пациентите. Единствено ќе се зголеми можноста да се добијат погрешни и неточни резултати, а со тоа и погрешна дијагноза и несоодветен третман за пациентите, рече Николов.

Тој додаде дека тоа било потврдено и од шефот на кабинетот на Филипче, кој поради тоа поднел оставка.

– Вака подготвената централизација, со техничка спецификација спротивна на Законот на јавните набавки, како и тендер кој ја исклучува конкуренцијата и не бара никакви гаранции од оние кои што ќе учествуваат на истиот, единствено може да донесе штета на пациентите. Не може да му се верува на министерот кога и неговите најблиски соработници говорат за сомнителни политики. Како да веруваме дека Филипче мисли за доброто на пациентите кога го остава Прилеп, град со околу 100.000 – тина жители, без биохемиска лабораторија и тоа за најобично испитување крв? И не само Прилеп, во 21 век сакаат ги остават без биохемиски лаборатории Кавадарци, Гевгелија, Гостивар, Кочани, Струга и други поголеми градови, каде што сега може да се врши биохемиска анализа, вели Николов.

Според него срамно е за пациентите кои за најобично испитување на крвта ќе треба да патуваат по десетици километри, а исто така жалосно е за вработените кои се оставени на цедило и прашање е дали ќе продолжат да работат.

– Го повикуваме министерот Филипче да се откаже од реализацијата на овој проект за централизирање на биохемиските лаборатории, и да започне што побрзо да го реформира и реорганизира јавното, а не приватното здравство и тоа во вистинска смисла на зборот, рече Николов.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски