(ВИДЕО) Николов: Целта на новите мерки е поголема заштита од коронавирусот

Од:

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и покрај обидите за опструкции од ВМРО-ДПМНЕ, ги донесе измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Со овие измени стапуваат на сила новите мерки што гарантираат повисок степен на заштита од коронавирусот.

Со усвоените измени, задолжително е носење заштитна маска на отворено, а исклучок од оваа мерка се лицата кои активно спортуваат, децата под шест години и лицата со посебни потреби“, рече Сашко Николов, пратеник од СДСМ.

„Носењето маска не е потребно при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.

Групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот е забрането. Самоизолација од моментот на закажување на тестот до добивање на резултатот е задолжителна, а во случај тестот да биде позитивен лицето останува во изолација.

Со новите мерки е уреден и начинот на лекување на лица заболени од ковид во приватни установи.

Истовремено, важат и претходно донесените мерки за носење заштитна маска, шал или марама во јавен превоз, како и места каде што може да се соберат повеќе лица во исто време, во државни институции и приватни деловни објекти, како и држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете.

Есенскиот бран на коронавирусот е во полн налет. Важно е сите да покажеме одговорност пред сопственото и јавното здравје.

Апелирам, сите граѓани доследно да ги почитуваат мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот. Само на тој начин, заедно можеме да се избориме со коронавирусот и да го заштитиме јавното здравје“, изјави Сашко Николов, пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески