(ВИДЕО) Николоски: Во денешната акција власта влегува со директна пресметка со членови на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Како што Заев најави пред неколку месеци, власта има отворено 750 случаи против членови на ВМРО-ДПМНЕ. Значи замислите Заев, премиерот на државата кој што не треба да се меша во судството и во обвинителството. Точно знае колку случаи се отворени против членови на ВМРО-ДПМНЕ. Утрово го отворија 751, затоа вчера и завчера имаа дебакл со изборот на Влада, затоа што вчера и завчера Заев не знаеше дека не може биде и Премиер и министер за финансии, па не знаеше како да излезе од целата таа ситуација во којашто сака директно да ја контролира државната каса за да може акцијата „евро за евро“ да продолжи да функционира во оваа држава.

751 истрага против членови на ВМРО-ДПМНЕ е отворена затоа што власта е во тешки скандали и во овој момент Заев со поти на пратенички прашања, затоа што нема одговор како негови советници кои што се наводно советници за односи со Франција земаат плата на сметки во Србија. Како што и нема одговори на многу слични афери.

Ова е брутален политички напад. Со акцијата помеѓу другите лишени се од слобода членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, претседателот на еден од најголемите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, ОК Аеродром, Дејан Митевски како и други лица. Во оваа акција власта влегува со директна пресметка со членови на ВМРО-ДПМНЕ, злоупотребувајќи и обични службеници.

Во акцијата покрај поранешниот министер се приведени и 6 жени кои што работат во различни институции во Република Македонија како обични службенички. Приведени се 6 недолжни граѓани на оваа држава жени, обични службенички кои што си ја работат својата работа во катастарот, министерството, кај нотари и во правобранителството“, изјави Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски