(ВИДЕО) Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи се што е против амнестија на било кого кој што сторил криминал

Од:

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска во рамки на караванот за „Обнова на Македонија“ беше во Аеродром на средба со жителите за да ги слушнеме нивните идеи и концепти по однос на новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Караванот трае повеќе од три месеци насекаде низ државата и за две до три недели ќе финишира, а после тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе ја финализира програмата за престојните парламентарни избори во април следната година

Овие средби велат од ВМРО-ДПМНЕ помагаат да се слушне што е она актуелно кај граѓаните, што се нивните потреби и барања, што е она што го размислуваат за актуелната власт, кои се барањата кои што ги имаат од ВМРО-ДПМНЕ доколку победат на следните избори.

„Во два дела ќе го поделам одговорот. Директен и малку стручен. Во однос на директниот дел ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи се што е против амнестија на било кого кој што сторил криминал. Дали е тоа автентично толкување, дали е тоа друга форма, дали се законски измени. Сето она што ќе спречи амнестија на било кој којшто сторил криминал ВМРО-ДПМНЕ го поддржува. Во однос на стручниот дел, добро да си ја разгледаат од СДСМ иницијативата затоа што има некои грешки таму, добро е да ја поправат ако не го направиле тоа намерно за да не се случи утре иницијативата да падне и да е уште една во овие низа на активности поврзани со практично отворањето на теми кои што изгледаат симпатично во јавност, а позади нив има апсолутен договор.

Она што е фактот е дека ние не го слушнавме Зоран Заев да каже што мисли по однос на ова прашање. Одговорот е многу јасно зошто не го слушнавме, затоа што тој е идејниот творец и авторот на оваа иницијатива. Никој не е наивен дека после 3 ипол години случајно на Уставниот суд му текнало од фијока да ја извади баш оваа иницијатива и да ја стави баш сега на дневен ред во исто време истиот подносител има уште три други иницијативи кои што ете Уставниот суд не решава да ги стави на дневен ред. Понатака во овие сценарија кои што се создаваат кои што се од некои минати времиња да не употребам потешки зборови се обидува од една страна да се намири со оној со којшто се прават непринципиелни коалиции, а видовме дека во државава постои непринципиелна крими коалиција и од страна да се претстави дека тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ. Тоа нема да помине, тоа е обезличено и ВМРО-ДПМНЕ е против амнестија на било кој којшто сторил криминал и ќе ги поддржи сите форми тоа да не се случи“, одговори Николоски на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи автентичното толкување на членот 11 а во Собранието.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС