(ВИДЕО) Николоски: Владата да ги објави уставните амандмани кои треба да се сменат или можеби се плашат дека граѓаните ќе се исплашат?

Од:

Граѓаните се навистина загрижени за сето она што се случува, има огромен отпор кон овој договор. Граѓаните, пред се етничко Македонци не го прифаќаат, се против преименувањето и промената на Уставот, како и промената на националниот идентитет на Македонците. Во исто време се отвора прашања зошто на 10-тина дена до референдумот владата не ги објавува уставните амандмани затоа што клучниот дел од договорот е промена на Уставот, промена на Преамбулата, на членовите 3 и 49 како и промена секаде онаму каде што пишува Република Македонија во Република Северна Македонија, рече Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ при посетата на Кисела Вода.

Тој ја праша владата зошто не ги објави амандманите и која е целта на необјавувањето.

– Образложението дека ќе сработат по одржување на референдумот не држи, образложението дека треба време исто така не држи затоа што се работи за едноставни кратки амандмани. Можеби држи она што го кажа премиерот Заев а тоа е дека граѓаните ќе се исплашат доколку ги видат амандманите. Ние ја повикуваме владата да ги објави, баш за да можат да ги видат граѓаните и да видат кој е тој голем страв кој што го крие владата од нив, рече Николоски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра