(ВИДЕО) Николоски: СДСМ на сила сака да го менува Изборниот законик

Од:

„Најпрво би почнал со Изборниот законик, би сакал да ве информирам дека преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак. Но, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака да протурка решенија во парламентот без претходна дебата и без спротивставување на аргументите.

Заев и СДСМ не се искрени кога вината ја насочуваат кон опозицијата, затоа што нивното коцкање со државата ја носи државата во слепа улица. Ваквото барање само го зголемува сомнежот дека за таквите измени стои стравот од пораз на изборите коишто доаѓаат и мотивите да се злоупотреби изборниот процес, со цел да се фалсификува волјата на граѓаните. Не се случило до сега да се менува изборен модел без консензус, не се случило до сега да се менува изборен модел без да учествуваат сите политички во дискусијата за истиот или барем најголемите.

Ако целта на Заев е да избега од избори и ова да го користи како изговор, треба да знае дека бегање од волјата на граѓаните нема и ќе биде поразен на следните избори, коишто ќе се случат на 12-ти април, бегање од избори нема и бегање од волјата на граѓаните нема.

Да почнеме со ред, вистината е следна и би сакал да ја споделам со вас. Во изминатите неколку месеци постоеше интензивна комуникација на неформално ниво помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во којашто беше договорено и имаше за цел изнаоѓање на консензус по однос на изборниот модел, како и имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР коишто се суштински за фер и демократски избори“, рече Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Беше постигнат напредок на почетокот на оваа недела, и напредокот се однесуваше на тоа дека и покрај тоа што СДСМ поднесе законски решенија во собранието, истите да бидат преформулирани, во моментот кога ќе се постигне финално решение. Решението требаше да се однесува како што кажав на двете работи, изборен модел и имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР за слободни фер и демократски избори коишто се однесуваат на изборите 2016-та, 2017-та и 2019-та година.

Нашиот став и тогаш и сега беше дека не треба да се брза, туку дека треба да се вклучи целокупната експертска јавност и да се има јавна дебата на која ќе се искристализираат најдобрите решенија. За нас најдобро решение коешто дава најдобар индивидуалитет на пратениците и поврзаност со гласачите од средините од коишто доаѓаат е чистиот мнозински модел по примерот на Велика Британија, Канада и САД. Разговорите беа успешни до пред неколку дена и беше постигнат усмен договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Практично заедничкиот став требаше да даде позитивен импулс и ги содржеше следниве поенти коишто сакам да ги прочитам.

Со оглед дека за овие избори согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР, објективно нема доволно време за имплементација на нов изборен модел, како и дека за промена на изборен модел потребни се широки општествени и политички дебати и консензус, двете партии се согласија дека веднаш по завршувањето на парламентарните избори во 2020 година, ќе пристапат во интензивни преговори во насока на постигнување на таков консензус. И втора поента сите прашања во врска со модалитетите и имплементацијата ќе бидат дефинирани на експертско ниво.

Сето ова падна во вода, кога СДСМ реши на сила, шверцерски и еднострано да ги турка нивните решенија низ собраниската процедура без консензус, без широка поддршка и без експертска анализа, спротивно на заложбите од неформалните контакти коишто ги имавме изминативе неколку месеци. Практично уште еднаш на дело имаме тиранија на партијата на власт над останатите политички групи во собранието.

Навистина е нејасно како за СДСМ и Заев беше прифатливо до пред некој ден да не се брза со носење на решенија за Изборниот законик, и за истото решение по изборите да се бара широк политички и општествен консензус, како што е редот, а сега истото се поништува и на сила се туркаат измени на Изборниот законик.

Нема ниту еднаш ваков случај во нашата парламентарна историја на сила да се носат измени на Изборниот законик. И исто како во законот за јазици поради ова лицемерие на Заев и СДСМ и овој проект ќе им се удри од ѕид. На сила и со едноумие, не се владее. СДСМ не може да ја множи со нула волјата на граѓаните, не може да ја множи со нула волјата на опозицијата и останатите политички партии во собранието.

Овие измени се предлагаат не да и донесат добро на Македонија, туку за да внесат дополнителен хаос и спомнав ако целта на Заев е да избега од избори тоа нема да му успее. А ако целта е исто така да се заборави на аферите коишто секојдневно еруптираат исто така тоа нема да му успее затоа што примарен интерес на граѓаните е да дознаат како владее оваа власт, а не кој изборен модел ќе го има.

Тоа е однос на првиот дел.

Во однос на номинацијата на кандидати за амбасадори на Република Македонија во различни дипломатски конзуларни претставништва би сакал да укажам на неколку работи.

Првиот и најзагрижувачки момент е што овие номинации доаѓаат практично на две недели пред оставката на претседателот на владата и воведување на техничка влада, значи во класичен предизборен период.

Па се поставува логичното прашање, како после промената на власта, таа власт би соработувала со решенија кои што се избрзани, партиски именувани и далеко од стручни.?

Второ големиот број на предлози, покажува дека во последен момент да се наполнат Амбасадите не со стручни кадри, не со посветени кадри, ако сакае не и со кадри кои што имаат политичко знаење и ќе можат да одговорат политички на предизвиците кои што и следуваат на Македонија, затоа што ни се потребни и такви кадри, туку исклучиво со кадри што се блиски на актуелната власт.

Трето, лицемерието да брзаат да ги пратат кандидатите по стариот Закон, односно по постојниот Закон за надворешни работи, а во исто време форсираат нов Закон по кој што закон никој од овие кандидати не ги исполнува условите, само покажува со какви луѓе имаме работа.

Значи, од една страна Никола Димитров предлага измени на Законот за надворешни работи, а од друга страна предлага амбасадори по стариот Закон за надворешни работи, а по новиот Закон истите овие луѓе не ги исполнуваат условите. Да е парадоксот најголем дури и Никола Димитров не ги исполнува условите за Амбасадор по новиот Закон што го предлага, што е штета нели секогаш во минатото очекувал ВМРО-ДПМНЕ да го праќа за Амбасадор, па еве ќе му се ускрати една можност за во иднина.

Четврто, се проблематизира целиот процес затоа што имаме крајно некредибилни луѓе кои што се испраќаат. Јас за разлика од Бујар Османи, нема да ги коментирам имињата затоа што без разлика на се ја почитувам дипломатската пракса и нема да о уништувам дипломатскиот углед на Македонија, затоа што правилата се јасни, не се излегува со име за кандидат за Амбасадор, додека истиот не добие агреман односно не биде прифатен од државата односно организацијата во која што се испраќа. Најголема навреда за државата односно организацијата во која што се испраќа ополномоштен амбасадор е вие да го соопштите името пред истата држава да се согласи, односно да даде агреман дека истиот може да е претставник на Македонија во таа држава.

И во таа насока, очигледно некои функционери во владата без разлика што долги години седат таму не ги прочитале основните кодекси и не ги прочитале основните правила на однесување.

Понатаму, не се само амбасадорите, сакаат во време на практично две недели до техничка влада да испратат 25 до 26 дипломати од Министерството за надворешни работи на втори и трети позиции. На позиции практично на прв секретар, на втор секретар и трет секретар. Овој процес исто така отиде далеку од јавноста, нетранспарентен и колку што сме информирани без вклучување на соодветниот дипломатски синдикат.

Со тоа целиот овој процес се проблематизира. Идникативно е што владата три години не може да смисли основен концепт за дипломатската мрежа како и за персонални решенија. Индикативно е што им требаа две години за да назначат конзули во Истанбул, Солун, Мелбурн, Торонто и останатите конзулати иако за тоа не е потребна согласност со претседателот на државата, односно владата самостојно именува конзули како и што е индикативно е дека им требаа повеќе од 8 месец да се усогласат со претседателот на државата кој што гледаме и самиот не е среќен со ваквото испраќање на амбасадори пред избори.

И она што е клучно е што практично имаме две годишно доцнење во целосното покривање на дипломатската мрежа и имаме никаква реализиација на економската дипломатија која што на голема врата беше најавувана од потпретседателот на владата Кочо Анѓушев, која што според нас е потребна и која што треба да е основа на дипломатската активност на Македонија, затоа што како мала држава Македонија треба да се насочи кон штитење на своите интереси, но исто така и кон силна економска активност. Практично, инвестирајте во Македонија не постои, а во македонските амбасади не постојат луѓе кои што ќе се занимаваат со привлекување на инвеститори и промовирање на македонскиот извоз.

На крај сакам да потсетам дека истиот овој едностран однос, истиот овој однос на неконсултирање на опозицијата во услови кога е извесно дека опозицијата ќе победи и ќе ја формира следната влада се гледа и во Изборниот законик и во именувањето на дипломатско конзуларните претставници, а истите можевме да го видиме од страна на Димитров и Заев во процесот на преговори за името кога ја исклучија целокупната експертска јавност, за разлика од Грците кои што вклучија над 60 експерти и видовме резултатот заврши како што заврши, полош не можеше да биде“, изјави Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правдата е недостижна со оваа власт, а судството е лакрдија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стоилковски: Судството на СДСМ и Заев ги ослободува насилниците како Курто Дудуш

Ана Ололовска

Милошоски: Постојат одредени шанси за договор за законот за јавно обвинителство, ако тоа се постави како приоритет

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Андоновска: Дали ЈО презема некакво дејствие во врска со случајот „Инсулин“ ?

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е срам за Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Арсовски: Се зема данокот за послушноста кон СДСМ, Битола најзаразен град со непотизам

Ана Ололовска