(ВИДЕО) Никола, нема да куртулиш од нас!

Од:

Со извиците „Пуштете ги децата!“ пред Основен суд 1, граѓаните кои протестираат секој ден во шест, им порачаа на властите да ги ослободат студентите кои добија мерка притвор по протестот кој се одржа минатиот вторник пред Владата.

Топлата демонстранти едногласно му порача на премиерот дека е време да поднесе оставка.

Граѓаните не се заодоволни од трите оставки кои беа поднесени вчера од првите владини функционери и бараат целосно растурање на владината гарнитура.

„Николче се упрпа! Николче се упрпа!“ извикуваа граѓаните пред судот реагирајќи на првите оставки во Владата. „Готово е, готово“, „Пуштете ги децата“, „Долу диктатурата!“ и „Оставка на Владата“ бараа тие.

Мариглен Демири, од Студентски пленум ги поздрави студентите што се во притвор и и порача на власта дека нема да куртули од упорните демонстранти.

– Никола, ќе ти доаѓаме секој ден на протест се додека не ги ослободиш нашите другари. Секој ден во шест! Никола нема да куртулиш од нас! – порача Демири обраќајќи им се на насобраните граѓани.

Протестот за прв пат се пресели пред Основен суд откако траат демонстрациите. По судот граѓаните се придвижија кон Собранието исполнувајќи ги улиците со извиците од свирчиња и вувузели и повикувајќи ги граѓаните да им се придружат со паролата „Додете со нас!“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски