(ВИДЕО) „Ние одлучуваме“ алармира: Притисоци во државните институции и фантоми во избирачкиот список

Од:

Низа неправилности се пријавени на СОС линијата која ја отвори невладината организација „Ние одлучуваме“. Од таму алармираат дека и по затварањето на списокот, граѓани повторно се јавуваат дека фантомските гласачи кои ги пријавиле се уште фигурираат на нивната адреса.

– Апелираме до надлежните институции да поднесат кривична пријава против Државната изборна комисија за злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353 од Кривичниот законик и член 159 став 2 од Кривичниот законик за повреда на гласачкото право, истакна Маја Величкова од невладината „Ние одлучуваме“.

Од невладината велат дека до нив ситгнале пријави од вработени во државните органи, кои пријавиле големи притисоци од администрацијата и вработените во јавните институции од страна на политичките партии за присуство на митинзи.

– Од овие повици, она што можевме да го увидиме е дека постои голем страв од страна на јавувачите да се претставуваат со име и презиме поради веројатноста дека истото ќе го дознаат партиите, поради страв за понатамошно постапување од страна на јавувачите кои пријавуваат притисоци, односно не сакаат да покренуваат постапки против нивните претпоставени поради страв дека ќе следуваат санкции, рече Величкова и додаде дека тоа се најчесто лица кои се со договор на определно време и се плашат дека нивните договори нема да бидат продолжени или дека нивни блиски луѓе со ист таков договор ќе бидат избркани од работа.

Од невладината истакнуваат дека досега се регистрирани 30 пријави од граѓаните повразни со изборни нерегуларности и притисоци.

– Мнозинство од пријавите се однесуваат на пријави од граѓаните за постоење фантомски гласачи во Избирачкиот список, односно непостоечки лица запишани во Избирачкиот список. По укажаната правна помош на граѓаните од наша страна, забележавме неспремност на надлежните институции за брзо евидентирање и отстранување на овие фантомски гласачи, нагласи Величкова.

Од „Ние одлучуваме“ истакнаа дека СОС линијата, односно телефонскиот број 0800 88 888 ќе биде отворена и на денот на изборите од 7 часот наутро до 20 часот вечерта, со цел да се пријавуваат изборни неправилности и додадоа дека за сите граѓани кои ќе се јават на СОС линијата ќе обезбедат правна помош.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он