(ВИДЕО) Неофицијално: Прегазеното дете има напукнат череп и тежок потрес на мозокот

Од:

Неофицијално, прегазеното дете од сообраќајката во Ѓорче Петров има внатрешно крварење, напукнат череп, тежок потрес на мозокот и исчашување на едното рамо. Се работи за лице со иницијали З.П. , дознава „А1он“.

Сообраќајната несреќа се случила кога возило од марката „опел астра“ удрило во детето, кое по ударот било пренесено на Ургентниот центар, потврди МВР.

Непосредно, по сообраќајната несреќа стотина граѓани излегоа на протести пред Основното училиште „Мирче Ацев“.

Бесни раскажуваат дека повеќепати барале да биде поставена светлосна сигнализација и лежечки полицајци, но наишле на отпор од општината и градот.

„Овде се вози 200 на саат. Ако уште еднаш падне жртва ќе го запалиме цело Ѓорче“, раскажаа тие.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски