(ВИДЕО) Немаме партиски, имаме крводарителски книшки: Специјализантите штрајкуваат и чекаат одлука на Влада

Од:

Приватните специјализанти лекари нема да го прекинат генералниот штрајк се додека не ја дочекаат информацијата од Владата во писмена форма дека се прифатени нивните барања за зголемување на надоместокот и за целосно решавање на нивниот статус во здравството.

– Ние го продолжуваме штрајкот се додека не помине седницата на Влада и министерството за здравство не излезе со официјално известување што е одлучено па потоа ќе одлучиме за следните чекори.Се уште не се исполнети нашите барања, ветувањето на Илир Демири беше дека тој има разбирање за нашите проблеми, но еден месец не беа предложени на седница на Влада – истакна д-р Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина трета година.
Ветувањето дека Владата ќе им даде позитивен одговор на барањето им е пренесено по средбата со министерот за здравство Илир Демири, заменик министерката за здравство Маја Манолева и Ана Данева Маркова, советник на премиерот за здравствени прашања.

Министерот за здравство Демири претходно побара трпение од приватните специјализанти најави дека по изборите ќе се избори со ребаланс на Буџетот да се обезбеди изедначување на нивните примања со примањата на вработените специјализанти во јавните здравствени установи. Но, потенцираше дека штрајкот има политична позадина што за специјализантите е обид за дискредитирање.

– Јас лично немам книшка од ниедна партија, единствена книшка која ја имам е дома крводарителскатра книшка во која пишува нулта позитив – додаде Чешлароска.
Специјализантите бараат покачување од 26.000 денари на 44.000 денари колку што изнесува просечна плата на лекар во моментов во Македонија. Исто така тие бараат да имаат здравствено и пензиско осигурување како и сите вработени во земјава.

Би можело да ве интересира

Вработените во авиокомпанијата Боинг стапија во штрајк за прв пат по 16 години

Што подолго без договор, поблиску до прекин на наставата-ниту законот на Груевски не може да спречи штрајк

Предраг Петровиќ

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Генерален штрајк во Израел: Судот нареди -веднаш престанете

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

A1on