ВИДЕО: Немам намера да поддржам авантура без тоа да има извесен крај, Мицкоски пред средбата со Кошта

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија, каде што ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски. Во пресрет на разговорите, премиерот порача дека Владата нема да отстапи од ставот за уставните измени без јасни гаранции дека земјата нема да се соочи со нови условувања во процесот на евроинтеграција.

„Немам намера како претседател на Владата да поддржам авантура без извесен крај. Сакаме брз напредок во процесот, но не и брз и неизвесен крај. Три и пол децении сме сведоци на политички авантури и стоиме во исто место“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ не може да се обезбеди потребното мнозинство за уставни измени и ги критикуваше, како што рече, оние кои со своите изјави ги нарушуваат позициите на Владата во однос на спорот со Бугарија.

Според Мицкоски, процесот на европска интеграција треба да биде „двонасочна улица“, при што довербата треба да се гради преку конкретни чекори од двете страни.

„Минатата влада ги прифати Францускиот предлог и протоколите. Треба да видиме што има бугарската влада пред себе, а тоа се и пресудите од Стразбур кои не ги спроведува. Ако европските политичари се едногласни дека нема да има дополнителни условувања, тогаш тоа треба да се преточи во нови заклучоци“, рече премиерот.

На прашањето дали е можна трилатерална средба со претставници на Бугарија и ЕУ, Мицкоски одговори дека Владата е подготвена за разговори, но очекува јасен предлог за форматот и учесниците.

„Сакаме да разговараме и сме сериозни во намерата. Само нека ни кажат каде и кога треба да дојдеме“, изјави тој.

За време на посетата, Кошта ќе има тет-а-тет средба со Мицкоски, по што ќе следи состанок меѓу владината делегација и делегацијата на Европскиот совет. По разговорите е предвидена и заедничка прес-конференција.

Посетата на Кошта е дел од неговата турнеја низ Западен Балкан, во рамки на подготовките за Самитот ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи на 5 јуни во Тиват, Црна Гора. Во фокусот на разговорите ќе бидат проширувањето на Унијата, постепената интеграција на регионот, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.

Би можело да ве интересира

Антонио Кошта денеска во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски

Мицкоски: Предизвиците во енергетската криза да ги претвориме во наша можност

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема капацитет да води држава

Катерина Ѓуровски

Кошта од денеска во посета на Западен Балкан, утре ќе биде во Скопје

Би било некултурно да се очекува да ни се промени ставот за Бугарија преку ноќ, вели Мицкоски пред посетата на Кошта

Љубопитни сме да дознаеме повеќе на претстојниот Самит во Тиват, вели премиерот за предлогот на Мерц

Катерина Ѓуровски