Нема политичка демократија, пратениците немаат никаква контрола врз владата, која доминира во секој аспект, пратениците не можат да влезат на главниот влез во Собранието, ама можат владините советници.
Ова е сликата за парламентарната контрола на Владата претставена од политичарите, аналитичарите и експертите на конференцијата организирана од Фондацијата Институт Отворено Општество.
Според аналитиларот Мерсел Биљали Собранието е претворено во сервис на извршната власт и треба да се размислува за промена на избирачкиот модел, да се воведе пропорционалниот модел со отворени листи со што ќе овозможиме многу поголема контрола врз извршната власт.
Пратеникот Тито Петковски, изрази жалење што ниту премиерот ниту еден претставник од власта не доаѓа на дебатите за вакви прашања, па понуди решение како да се натераат на комуникација за важните прашања.
Според Петковски во Македонија нема политичка култура, ќе требаат уште сто години за да се формира демократија. Петковски вели дека власта не сака да разговара со пратениците и по 20 години парламентарна власт, дека се договара со пратениците да и поставуваат однапред договорени прашања и дополнителни прашања, а таа да одговара по 10 минути на секое и така да се одземе времето за опозицијата.
„Мене ми беше оневозможено да поставам прашање, четврти бев по ред за поставување прашање и не дојдов на ред, немаше веќе време“, рече Петковски.
Петковски за Комисијата за надзор на спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на МВР и Министерството за одбрана, чиј претседател е, рече дека не функционира и не може да спроведува никаква контрола.
„Нема политичка воља, а недостаток е и што нема екперти меѓу пратениците“, рече Петковски.
„Кога пратеник од владеачкото мнозинство му праќа ливче на премиерот на кое пишува што да те прашам денеска, нема што понатаму да се разговара. Тука се става точка“, рече Весна Бендевска, коментирајќи како функционира институтот пратенички прашања.
Според Бендевска Македонија одамна замина од потребата за политичка воља, а сега има само свесна стратегија да се угуши сопствениот став.
„Вулагарното е што пратениците од власта на говорница знаат да кажат: Ние од владата“, рече Бендевска.
Таа се осврна на комисиите за надзор и рече дека освен претседателот од опозицијата, овие комисии треба да имаат и мнозинство од пратениците од опозицијата, инаку нема да функционираат. Бендевска ја критикуваше појавата на пренос на владините седници и узурпацијата на собранискиот канал.
Поранешениот судија во Уставниот суд во Република Македонија, Игор Спировски рече дека контролата на власта е рационален процес и тоа не може да се зголемува со поголемо или помало мнозинство.
„На парламентот му треба некој тип на секулизам што ќе ја одвои власта од партијата. Овде кај нас парлементот не може да спречи одлука на власта како што тоа го прави парламентот на ЕУ“, рече Спировски.
Според Александар Новаковски, поранешен генерален секретар на Собранието не ја исполни својата улога со Уставот, а владата доминира во сите аспекти.