(ВИДЕО) Нелоски: Се раѓа новиот Рашковски, фирмата на зетот на секретарот на Шилегов добила 4 милиони евра државни тендери за 4 години

Од:

„Го имаме новиот Рашковски во Град Скопје. Секретарот на мрзливиот и арогантен Шилегов, Аврамовска – Мадиќ е новиот Драги Рашковски. Преку фирма на нејзиниот зет, испумпува преку половина милион народни пари на граѓаните од Градот Скопје.

Рашковски е мало дете за Секретарот на Градот Скопје. Македонија го доби новиот Рашковски – Викторија Мадиќ Аврамовска и новиот Заев, а тоа е Петре Шилегов“, рече Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет.

„Скала која во Загреб е купена за 800.000 евра плус ДДВ, кај нас ја купуваат за фрапантни 1.700.000 евра. И мало дете знае дека остатокот од парите се украдени.

Погледнете ги овие две слики, на сликите се гледа дека двете скали се исти. Нелогични се правдањата со стабилизатори и корпи. Бидејќи стабилизатор и корпа има и едната и другата скала. Нелогични се оправдувањата на Шилегов. Фатен е жив и подобро да признае, бидејќи секако ќе одговара.

И кога ќе се запрашате зошто некој булевар не е направен, зошто некој проект не е завршен или пак зошто ГТЦ не е реновиран и се распаѓа, нека ви текне дека секретарот на мрзливиот Шилегов, преку својот зет, набавил противпожарна скала за која имаме сомнеж дека над половина милион евра завршиле во нивни џеб.

Очигледно дека фирмата „Армор Плус“ ДОО Скопје, каде сопственик е зетот на секретарот на Град Скопје, била преодредена да добива државни тендери и народни пари од тендери се разбира откако СДСМ доаѓа на власт.

Па така, „Армор Плус“ ДОО Скопје, не само што земала милионски тендер во Градот Скопје, туку за само 4 години од 2017-та до сега, има заработено рекордни над 4 милиони евра од добиени тендери. Град Скопје, јавните претпријатија, општините низ Македонија каде што СДСМ е на власт, државни институции, министерството за одбрана и многу други и дале бизнис на истата фирма „Армор Плус“ ДОО Скопје во вредност од над 4 милиони евра. Во прилог еве ви ја листата на тендери, кои ќе ги добиете и електронски.

Ова е класичен пример, како завршуваат народните пари на конто на СДСМ и нивните функционери. Никој, ама баш никој, нема да поверува дека се е регуларно со набавките, конкретно со скалата, и никој, ама баш никој, нема да поверува дека Петре Шилегов е чист и не заслужува да понесе одговорност“, изјави Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ