(ВИДЕО) Нелоски: СДСМ за две недели потроши повеќе од милион евра за рекламирање по национални медиуми

Од:

„Партијата во заминување СДСМ за само две недели потроши повеќе од над 1 милион евра за рекламирање по национални медиуми.

Зоран Заев кој е премиер уште 5 дена и никогаш повеќе, сеуште молчи и не кажува од каде му се над 1 милион евра за рекламирање на своите неуспеси прикажувајќи ги како успеси.

Ако се земе во предвид дека СДСМ годишно зема околу 900.000 евра преку државното финансирање на партиите, на кој начин ќе ги сервисира останатите пари кои што ги трошат“, прашува Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали можеби торбите Луј Витон од РЕКЕТ се изворите на финансирање на СДСМ?

Дали можеби начинот на финансирање се тендерите кои секојдневно завршуваат во џебовите до блиски на СДСМ и функционерите?

СДСМ треба да им објасни на граѓаните како се троши по 100.000 евра дневно за рекламирање на кампања, во моменти кога државата ни тоне на економски план.

Ова се потрошени над 1 милион евра за класична манипулација на граѓаните и за обид да се поткупат и подмитат националните медиуми.

Она што е добро е дека Зоран Заев ќе е премиер само уште 5 дена и никогаш повеќе, а СДСМ партија на власт уште 4 месеци и никогаш повеќе.

Одговорност за се мора да има и ќе има по 12-ти април.

Република Македонија конечно мора да тргне напред, а СДСМ да докажува од каде им се над 1 милион евра за две недели рекламирање по медиумите“, изјави Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му